Власта на потег да покаже дека грижата за жените не е само декларативна, СДСМ предложи итна седница за заштита на жените

власта

По бројните изрази на сочувство, згрозеност од насилството врз жените, институционални состаноци и најави за мерки, власта е е пред конкретен тест – дали ќе ја поддржи иницијативата за итна собраниска седница посветена на заштитата на жените и институционалната одговорност.

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска соопшти дека партијата поднела иницијатива за одржување итна собраниска седница.

Тренчевска посочи дека жените во Македонија не страдаат само од насилниците, туку и од институционалниот молк и неказнивоста, нагласувајќи дека на бројни случаи на насилство и фемицид им претходеле пријави и барања за помош.

Минатата недела СДСМ побара итна седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, со присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Ненад Савески.

Предлог-измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, пак, се во собраниска процедура уште од 26 август.

Иницијативата доаѓа еден ден пред Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, 25 ноември.

Останува да се види дали власта ќе ја поддржи иницијативата и дали најавената посветеност на заштитата на жените ќе се преточи во конкретни собраниски одлуки.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?