(Видео) Студентите пречекани со аплауз во српското Собрание, молк од Вучиќ

собрание

Околу 60 студенти денеска беа пречекани со аплауз во Народното собрание на Србија, од чија галерија го следат продолжението на конститутивната седница на новиот парламентарен состав.

На почетокот на седницата студентите ги поздрави претседателот на Собранието, Александар Чупиќ, по што следуваше аплауз од пратениците на парламентарното мнозинство предводено од Студентската листа.

Сосема поинаква беше реакцијата во редовите на Српската напредна странка (СНС).

Само пред една недела, на 17 ноември, со одлука на тогашниот генерален секретар на Собранието, на студентите не им беше дозволено да присуствуваат на конститутивната седница, иако претходно имало договор за нивното присуство.

Овојпат, дозволата ја даде новоизбраната генерална секретарка на српското Собрание, Мирјана Радаковиќ, на која студентите јавно ѝ се заблагодарија.

Денешната седница се одржува во услови на дополнителни тензии меѓу парламентарното мнозинство и СНС. По вчерашните консултации, Вучиќ изрази незадоволство од тоа што опозицијата нема да претседава со ниту една собраниска комисија, оставајќи ја отворена можноста неговата пратеничка група да не учествува во нивната работа.

На дневен ред на денешната седница е изборот на членовите на собраниските комисии и постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?