Лажните попусти за Црн петок под лупа на инспекторите

Поскапување пред акција, па рекламирање „голем попуст“ ќе биде една од практиките што ќе ги проверува Државниот пазарен инспекторат во пресрет на Црн петок. Најавени се засилени вонредни контроли кај трговците низ целата земја.

Инспекторите ќе проверуваат како се огласуваат намалувањата, дали цените се јасно означени и дали купувачите добиваат точни информации за продажните услови. Во фокусот ќе бидат техниката, телефоните, компјутерската опрема, облеката, обувките и мебелот.

Од ДПИ најавуваат посебно внимание на лажно прикажаните попусти, зголемувањето на цените пред нивното намалување и рекламирањето што ги доведува потрошувачите во заблуда. При утврдени неправилности ќе преземаат мерки во рамките на своите надлежности.

Граѓаните се повикуваат внимателно да ги проверуваат цените и условите на понудите. Сомнителните практики можат да ги пријават на бесплатниот број 191 или преку официјалната веб-страница на инспекторатот.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?