Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бислимоски: Вистината за Митилинеос е дека струја ќе има и сметките ќе се пониски

„Единствена работа во борба со дезинформациите ни е вистината. Вистина е дека струја ќе има и сметките ќе бидат двојно пониски, државна помош имаат сите странски инвестиции и оваа од достапните информации е двојно пониска од оние што ги добиваат останатите компании во зоните, но еве не сум експерт за тоа. За енергетика несоменено ќе кажам потребна е еснафска дискусија, а не да се расфрламе со кривични, продажби и наратив кој е деструктивен“, рече претседателот на Регуалторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Тој рече дека од деструктивниот пристап не спаси ТЕЦ Неготино – објект стар 40 години и реализација за 30 години од 150 mw државни инвестции наспроти 900 mw од кои 600 mw се во последни две години приватни инвестици.

„Оваа држава мора да презема чекори што значат сигурни снабдување со енергенси по стабилни и пониски цени. Конкретно Митилинеос ќе донесе пониски сметки за граѓаните. Се употребува методологија од РКЕ на која работеа професори од машинскиот фалултет. Не разбирам што е лошо граѓаните да добиваат пониски сметки“ изјави Бислимоски.

Претседателот на РКЕ додаде дека ако не се реализираат инвестциите ние ќе се соочиме со данок за СО2 за струјата од јаглен од РЕК – која сега е околу 109 евра, а од Митилинеос ќе биде околу 86 евра.

Треба да знаете
Moже да ве интересира