Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фактор.бг: Бугарски бизнисмени од „Мултигруп“ отворено го поддржуваат Мицкоски

„Еден интересен факт од последните денови остана незабележан во бугарското општество – посетата на бизнисменот Николај Валканов (поранешен потпретседател на ‘Мултигруп’ на убиениот Илија Павлов) на Македонија, поточно на ‘Булмак-Злетово’“, пишува бугарскиот медиум Фактор.бг во анализата насловена „Сенката на Мултигруп на претседателските избори во Македонија

Медиумот се осврна на средбата на Валканов и Мицкоски и на поддршката на Валконов кон Драган Ковачки, кого Фактор.бг го карактеризира како извор на лажни вести.

„Не случајно за време на кампањата за избор на претседател Валканов нескриено даде поддршка токму за лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, експонент на најжестокиот антибугаризам. Но, поддршка доби и носителот на пратеничката листа од истата партија во ИЕ 3, Драган Ковачки. Веројатно бугарското општество едвај знае дека Драган Ковачки, кој е воено лице и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е санкциониран од НАТО и не може да пристапи до тајни информации на Алијансата. Оваа санкција против него е доволен знак кого поддржува бугарскиот бизнисмен. Во евроатлантските кругови во Македонија, Драган Ковачки е познат како пласирач на лажни вести и лице кое постојано ја напаѓа министерката за одбрана Славјанка Петровска, која ѝ дава безрезервна поддршка на Украина против агресијата на Путинова Русија“, пишува Фактор.бг.

Во анализата, медиумот потсетува и на врските на ВМРО-ДПМНЕ со контроверзната Мултигруп.

„Ретко кој одвнатре што ги следи бугарско-македонските односи не е запознаен дека во минатото првото работно место на поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски, кој сега се крие во Унгарија, беше во Балканска банка во Скопје. Токму таа беше дел од ‘Мултигруп’. Тешко дека е случајно што за време на владата на Никола Груевски, кој беше и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Николај Валканов ги стекна рудниците ‘Злетово’ и ‘Тораница’ и сега враќа гест кон оваа партија. Посетата на Николај Валканов стана факт веднаш по интервјуто со поранешниот македонски амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев (многу близок до круговите на поранешната ‘Мултигруп’). Во него тој отворено го обвини поранешниот премиер Зоран Заев дека направил грешка што не дозволил бугарските компании да влезат како инвеститори во Комерцијална банка и во Македонски телеком, а Валканов да го купи металуршкиот комбинат ‘Фени’. За појаснување – Марјан Ѓорчев ова интервју го дава од позиција на советник за стратегија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и советник на Извршниот комитет на партијата“, пишува Фактор.бг.

Треба да знаете
Moже да ве интересира