Приказната за Украина кога како независна држава беше трета нуклеарна сила

Мирјана ВАСИЛЕВА

Дали историјата, или сегашноста, ќе беа поинакви доколку Киев не потклекнеше пред притисокот на Русија и на Американците да се откаже од нуклеарното оружје на нејзината територија?

Украина пред распаѓањето на СССР  беше трета светска  нуклерна сила. Но откако Русија стана правен наследник  на пропаднатиот Советскиот Сојуз, заедно со Сад, како две супер нуклеарни сили, ги започнаа преговорите  за   процесот на денуклеаризација со кој беа офатени и поранешните  советски  републики Украина, Казахстан и Белорусија.

Од денешен аспект, многумина се прашуваат дали доколку Киев   задржеше  дел од оружјето, Русија ќе ја нападнеше?!?

Како почна процесот на уништување на руското нуклеарно оружје

Кон крајот на 1991 година, на 25 декември, советското знаме за последен пат беше спуштено во Кремљ и на негово место  се завиори новото, руско.

Истиот ден, последниот советски лидер Михаил Горбачов поднесе оставка.

Овој  историски пресврт не се случи во еден ден. Тој процес особено се интензивираше по падот на Берлинскиот ѕид, што се случи на 9 ноември 1989 година, кога беше јасно дека ова е крајот не само на СССР, туку и на целиот источен социјалистички блок, вклучувајќи ја и крвавата дезинтеграција на поранешната сојузна југословенска држава  и создавањето на новите 6 независни републики.

По распадот на СССР, мапата на светот доби дури 15 нови независни држави. Тоа беше период на голема непредвидливост, но и на оптимизам кај оние кои најмногу го посакуваа распадот на СССР, особено западните советски републики, односно оние во Балтикот.

Што се однесува за Украина  по распадот на  СССР,  поголемиот дел од Украинците  го прифатија  овој чин ефурично, иако траеше кратко бидејки  се соочи со сериозни економски проблеми.

На референдумот за независност на Украина во 1991 година, дури 92,3%  украинци гласале за независност, односно  за излегување од СССР и земјата сврте нова страница за својата иднина, но со многу предизвици.

Во тој период, откако по распадот на Советски сојуз, Русија стана и официјален правен  наследник на СССР, меѓу другото, го задржа и постојаното  место во Советот за безбедност на ОН.

Во тој период почна да го отвора  прашањето  за нуклерното оружје, бидејки во Украина остана многу советско оружје, вклучувајќи го и најразорното – нуклеарното. Всушност, Украина, барем за кратко, сметајќи го нејзиниот нуклеарен арсенал, беше дури трета нуклеарна сила во светот.

Тогашната  американската администрација на  претседалет Џорџ Х.В. Буш и американскиот државен секретар Џејмс Бејкер од самиот почеток зазедоа цврст став дека само една земја може да го наследи нуклеарно оружје по распадот на Советскиот Сојуз, а тоа е  Русија.

Патот разоружувањето на Украина

Во  таква политичка  атмосфера Украина тргна по својот незвисен пат, а прв претседател беше Леонид Кравчук, од 1991 до 1994-та  година.

Леонид Кравчук, првиот претседател на независна Украина

Неговиот мандат започна оптимистички, како и расположението на јавното мислење  во Украина. Интересно е да се спомене дека уште на почетокот на својот мандат, Кравчук ја изрази својата желба за членство на Украина во НАТО и остро се спротивстави на приклучување на неговата земја кон било какви евроазиски воени сојузи бидејќи тие беа јасно контролирани од Москва.

Но, тогаш земјата  западна во економска криза. Националниот БДП  беше во слободен пад и во 1994 година веќе се спушти за цели 40%, а заради длабоката криза оставка поднесе  тогашниот премиер Леонид Кучма.

На вонредните избори  Крвачук се кандидираше за втор мандат, но беше поразен од Леонид  Кучма, кој како втор украински претседател, беше на функцијата од 1994 до 2005 година.

Леонид Кучма, претседател на Украина од 1994 до 2005 година

Клучниот момент за време на неговиот мандат ќе биде потпишувањето на Лисабонскиот протокол на 23 мај 1992 година.

Според овој документ поранешните советски републики се откажаа од своите нуклеарни арсенали и тој беше поттикнат од фактот што по распадот на СССР, најголем дел од нуклеарното оружје беше на територијата на Русија, но друг дел беше дистрибуиран и на територијата на трите поранешни советски републики – Белорусија, Украина и Казахстан.

Околу 17% од советскиот нуклеарен арсенал во тој момент се наоѓал на територијата на Украина околу 176 нуклеарни стратешки, односно интерконтинентални ракети и повеќе од 2.500 тактичко атомско оружје, од бомби и ракети до артилериски гранати.

Русија и САД уште во 1991 година го потпишаа договорот СТАРТ (за контрола на нуклеарното вооружување), а Лисабонскиот протокол всушност беше додаток на тој договор.

Потпишување на Лисабонскиот протокол – документот е потпишан од руското МНР Андреј Козирев (лево) и американскиот државен секретар Џејмс Бејкер (десно) во 1991 година

Но според архивите, укрианската власт веднаш не го ратификуваше Лисабонскиот документот во праламентот, бидејки тие уште тогаш сфатиле што се случува околу нив во регионот. Се случија етничките конфликти во Јужна Осетија уште во 1991 година, но исто така и војната во Придњестровје,  во соседна Молдавија.  Во меѓувреме меѓу Киев и Москва  во 1992 година пропаднаа првите преговори за судбината на руската Црноморска флота која е стационирана на Крим, а руските власти веднаш започнаа дискусија за укинување на одлуката на поранешниот Президиум на Врховниот Совет, кој го отстапи Крим на Украина во 1954 година со одлука на Никита Хрушчов.

Денуклеаризацијата на поранешните советски републики

Интересно е, особено од денешна перспектива, да се спомене како САД силно го поддржаа отстранувањето на нуклеарното оружје од Украина, а Кравчук реши да го прифати Лисабонскиот меморандум по средбата со тогашниот американски претседател Џорџ Х. В. Буш на 6 мај 1992 година во САД.

За возврат, САД и дадоа на Украина заем до 110 милиони американски долари за купување на американски стоки. Дури на крајот на 1993 година, украинскиот парламент конечно го ратификуваше Лисабонскиот протокол, односно сега веќе како Меморандум од Будимпешта кој веќе беше во фаза на  реализација.

Меморандумот од Будимпешта беше потпишан на 5 декември 1994 година и од суштинско значење е тоа што тој понуди гаранција за безбедност на Украина, како и за Казахстан и Белорусија кои исто така потпишаа документот со идентични содржани.

Будимпешта, 5 декември 1994 година – од лево кон десно: Александар Лукашенко (Белорусија), Нурсултан Назарбаев (Казахстан), Борис Елцин (Русија), Бил Клинтон (САД), Леонид Кучма (Украина), Џон Мејџор (Британија)

На 14 јануари 1994 година, американскиот, рускиот и украинскиот претседател  го  потпишаа трилатерален договор за неширење на нуклерно оружје во Москва Претходно американскиот претседател Бил Клинтон го посети  Киев два дена порано. Таму го дочекало непријатно изненадување затоа што Украинците му рекле дека размислуваат да не го потпишат договорот. Тогаш Клинтон директно му се заканил на Кравчук дека ако продолжи да се колеба, тоа ќе има „многу сериозни последици за американско-украинските односи“. Со други зборови, со притисок го скрши украинскиот отпор.

Трилатерална средба во Москва, 14 јануари 1994 година – Бил Клинтон, Борис Елцин, Леонид Кравчук

И така Украина, во еден момент  од трета нуклеарна воена сила во светот, стана ненуклеарна земја. Според професорката Маријана Буџерин, експерт за постсоветското нуклеарно наследство и договорите за контрола на нуклеарното оружје, овој процес за Украинците бил многу сложен и дека во тоа време причина за одрекувањето од нуклеарното оружје била не само катастрофата во Чернобил туку и големиот меѓународен притисок.

Што ако Украина го задржеше нуклеарното оружје?

Многумина и денес се прашуваат што ако Украина успееше да го задржи нуклеарното оружје? Затоа што  историјата покажува дека никој не брза да ги нападне нуклеарните сили,  но исто така историски факт е дека САД и СССР во неколку наврати беа блиску до избувнување на нуклеарна војна.

И денес, по сите овие години, откако Русија изврши агресија врз Украина, светот повторно е исправен пред евентуална нуклеарна руска закана по најновата наредба на Путин да ја подигнат борбената готовност зголеми подготвеноста на нуклерните сили, како и со намерата дел од нив да бидат распоредени во Белорусија.

И додека целиот свет стравува од најлошото сценарио, миротворците кои се залагаат војната веднаш да престане се прашуваат дали врз основа на историјата, сегашноста, можеше да биде многу поинаква? Дали историјата, или сегашноста, ќе беа поинакви доколку Киев не потклекнеше пред притисокот на Русија и на Американците да се откаже од нуклеарното оружје на нејзината територија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?