Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО „Полиграф“: Дезинформација е дека освен Ванковска, кандидатите за претседател немаат програма

Во предизборната кампања, некои политичари во земјава користат невистини и дезинформации за напад врз нивните политички противници.

Таков пример е Фејсбук статусот на лидерот и пратеник на партијата „Левица“, Димитар Апасиев, објавен на 15 април 2024, во кој се тврди: „Сакаат да бидат ПРЕТСЕДАТЕЛ на Република…А програми? Немаат! (освен Ванковска)“.

Но, ова тврдење на Апасиев е неточно, што може да се види од објавени програми на веб страници на кандидатите и партиите, како и од медиумските известувања.

На пример, Стево Пендаровски, кој се натпреварува за втор претседателски мандат, ја објавил изборната програма на македонски и албански јазик на неговата веб страница. И програмата на Гордана Сиљановска-Давкова, кандидатка за претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е објавена како текст на веб страницата на оваа партија.

Програма има и кандидатот на Европскиот фронт предводен од ДУИ, Бујар Османи, а документот е објавен на неговата веб страница на албански, на македонски  и на турски јазик. Исто така, и Арбен Таравари, кандидат на опозициската коалиција ВЛЕН, на неговата веб страница има објавено програма на албански и на македонски јазик.

И Максим Димитриевски, кандидат на Движењето ЗНАМ, промовираше програма, чија содржина е објавена од неколку онлајн медиуми во земјава.

Затоа, тврдењето на пратеникот Апасиев дека кандидатите за претседател немале програма, освен Ванковска, е невистинито, и може да се оцени како дезинформација.

(СМК)

Зачлени се на нашиот е-билтен