Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, две години локална власт – неефикасност и неисполнети ветувања!

Изминатите две години раководење со 40 општини од луѓето на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, покажаа неефикасност и неисполнување на ветувањата пред граѓаните. За две години покажа како ја практикуваат власта во Град Скопје и во 40-тина општини низ државата, со нула резултати и бесконечни листи нереализирани ветувања.

„Пет нови мега паркови, бесплатен автобуски превоз, 5 нови булевари, ревидирање на проценка на данок на имот, гасификација, 25% поевтини паркинзи, Водно – зелен штит на Скопје, сообраќаен коридор Мавровка, најдобар Луна парк на Балканот, 250 нови еколошки автобуси, доста е од корупција, Скопје без заборавени населби, зелен кеј од Ѓорче до Ново Лисиче, еколошки зелен совет, зелени коридори Серава и Лепенец, Чистење на диви депонии во први 82 дена“ одекнуваше од рекламните спотови на актуелната градоначалничка на Скопје – Данела Арсовска, поддржана од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Но, по две години Скопје – нема бесплатен превоз, 250 нови еколошки автобуси, нема гасификација, нема 25% поевтини паркинзи…

Градоначалниците и локалните власти на ВМРО ДПМНЕ енормо им ги поскапуваат цените на даноците на граѓаните и ги задолжуваат општините. Проектите кои ги ветуваа останаа нереализирани, изборните програми и најавените проекти на градоначалниците останаа само на хартија.

Градоаначалниците на ВМРО ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните со поголеми сметки за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, паркинг, комунални услуги.

Владеењето на Муцунски во Аеродром катастрофално!

Иако на локалните избори 2021 година актуелниот градоначалник на Аеродром и висок функционер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, вети дека за време на неговиот мандат ќе изгради четири нови градинки, со „нула трошок“ за родителите, кино, театар, читална, забавен парк, современа, модерна и урбана општина, како директна помош од Словенија за пристап до европските фондови, на половина од мандатот на локална власт во Аеродром, тој ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати.

Муцунски иако наследи полна општинска каса сепак листата на нереализирани, а ветени проекти на ВМРО ДПМНЕ и Тимчо Муцунски за Аеродром е многу долга. Ги нема четирите ветени нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче. Го нема ни долго најавуваниот парк Радост на 6.000 метри квадратни.

Ги нема ниту новата гимназија, новиот мултифункционален центар со простории за младински центар, новата општинска зграда, како што ги нема и новиот С.Ц. Пирин и спортската сала во Долно Лисиче. Ја нема ни кино салата и театарската сцена во Ново Лисиче. Исто така го нема ниту ветениот музеј на МЗТ.

Муцунски – исто така вети зголемување на еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари, стипендии за млади таленти, но и тие се само дел од многуте ветени лаги, исто како што е и лагата – легализација на сите објекти на територија на општина Аеродром.

Во изборната кампања на локалните избори во 2021 година Муцунски пред граѓаните најави реализација на четири нови градинки, со „нула трошок“ за родителите, кино, театар, читална, забавен парк, современа, модерна и урбана општина, како директна помош од Словенија за пристап до европските фондови.

– Додека власта нè навредуваше, во Љубљана постигнавме договор за директна словенечка помош за пристап до европски фондови за Општина Аеродром. Ние внатре во државата сме опозиција, но надвор работиме единствено и само во интерес на секој од вас. Навредите и клеветите се одраз на немоќ и незнаење – порача Муцунски на еден од предизборните митинзи во 2021 година.

Тој пред аеродромци – исто така вети дигитализација на општината преку проектот наречен „Смарт Аеродром“.

Чудо во Гевгелија! Општината наплаќа и услуга која не ја врши

Градоначалник на Гевгелија од редовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Андон Сарамандов пред гевгеличани ветуваше програма од 4 столба: развој на туризмот, акцент на млади и спорт, екологија и зелени површини и добар урбанизам. Резултатот од овие изминати 24 месеци владеење со Гевгелија на Сарамандов и ВМРО-ДПМНЕ е нереализирани ветени проекти.

За две години владење со Гевгелија опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Сараманов ги покачија сметките за комунални услуги за 100%. Општината наплаќа и услуга која не ја врши, „прочистување на отпадни води од домаќинства и фирми“ а пречистителната станица – проект по светски стандарди, изработен и реализиран во време на СДСМ – воопшто не работи!

Се удира по џебот на народот и со наплаќање секој месец „трошоци за баждарење водомер“, а никој не баждари водомер секој месец. Општината Гевгелија во една брза, нетранспарентна постапка, без учество на јавноста, воведе наплата на зонско паркирање без да понуди реална, одржлива, рационална алтернатива за граѓаните. Целите на мерката не се воопшто јасни, одлуките имаат мал милиони недостатоци, што единствено води до заклучокот за заткулисни интереси. Наместо да се развива Гевгелија, градот две години стои во место.

Ниту еден проект ветен во предизборната програма Андон Сарамандов и ВМРО-ДПМНЕ не исполниле. Нема нов градски базен, не е обновена спортската сала Партизан како што Сарамандов и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа. Нема нов спортски центар Топлик. Нема ниту здрав оброк за секое дете.

Актуелниот градоначалник на Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов за време на изборната кампања во 2021 година вети дека за време на неговиот четири годишен мандат како „татко“ на Гевгелија ќе има развој на градот, но ништо од ветенот. Нема реализација на проекти! Нема по урбано Гевгелија!

– Мојата програма се базира на четири столба, урбанизам ,стратегија за туризам и искористување на сите туристички потенцијали, екологија и зелените површини и младите и спортот. Акцентот ќе биде ставен на урбанизам и стратегија за туризмот и искористување на сите туристички потенцијали. Планината Кожув имаме план и визија најпрво со урбанизација на туристичкото место Коњско, а потоа и со овозможување услови за развој на ловниот туризам на планинскиот туризам да стане атрактивна туристичка дестинација, ветуваше Сарамандов пред граѓаните за време на локалните избори 2021 година.

„Имам конкретна визија за нашето природно богатство, планината Кожуф да прерасне во најпосакуваната туристичка дестинација. Овозможување на услови за развој на бањски туризам затоа што општина Гевгелија е богата со геотермални води Младите и спортот. Битката за зачувување на младите во својот роден крај е зацртана во моето дејствување и од тоа нема да се откажам. Секој млад човек заслужува да добие шанса да работи и твори во своето родно место, затоа наша обврска е да овозможиме услови за отворање на нови работни места, спортот и спортските клубови имаат долга традиција во општина Гевгелија“, ветуваше Сарамандов во 2021 година.

Тој ветуваше и смена на функционирањето на спортските клубови во Гевгелија.

– Најавувам дека ќе го обновам функционирањето на шаховскиот клуб 7 Ноември, мојата целосна поддршка во наредните 4 години ќе ја имаат атлетскиот клуб и планинарските друштва од Гевгелија кои во последниот период покажаа голем ентузијазам и успеси. Екологија и зелени површини со конкретни проекти отворање на времената депонија кај Н.Конско, модерен и урбан рекреативен парк во секое маало изготвување акционен план за чист амбиентален воздух. Добар урбанизам, ефективна и стручна работа на одделението за урбанизам е предуслов за побрз развој на нашата општина и е од приоритетно значење за граѓаните на општина Гевгелија, но и за бизнис заедницата, беа дел од ветувањата на Сарамандов.

Но, граѓаните и граѓанките на Гевгелија не ги гледаат реализирани овие огромни ветувања на првиот човек на Гевгелија – Андон Сарамандов.

ВМРО-ДПМНЕ управува со Охрид, а СДСМ ги реализира проектите

По две години владеење на Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ како градоначалник на Охрид, ветените проекти му останаа само на хартија.

Актуелната локална власт на Охрид ги зголеми цените на услугите по јавните претпријатија. Поради оваа „социјална“ мерка на ВМРО ДПМНЕ и Пецаков охриѓани плаќаат над 40% повисоки сметки за паркинг, за гробарина за 75%, а за градски пазар за 35% повеќе од претходно.

Од друга страна резултатите од ветените проекти се НУЛА.

Поради ова незаинтересираност на локалната власт и ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, владата предводена од СДСМ водејќи сметка за сите граѓани подеднакво вложи 6 милиони евра во охридското образование. Долгот на општина Охрид е исплатен повеќе од половина токму со помош на Владата на СДСМ.

Санацијата, преземањето на долгот и управувањето со Колекторскиот систем е исто така дело на СДСМ.

Владата успеа да го зачуваме и престижниот статус на Охридското езеро – останува на листата на УНЕСКО.

Во кампањата на локалните избори 2021 година, ВМРО-ДПМНЕ и Кирил Пецаков им ветиле на граѓаните дека старото градско јадро и околните населби на Охрид мора да се развиваат, но денес на терен сликата е поинаква.

– Во насока на правилната урбанизација, гарантираме промени, проекти и победи. Пред охриѓани се обврзуваме на реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ и реконструкција на плоштадот „Св. Климент Охридски“. Покрај нив имаме предвидено и реконструирање на постојните плоштади изградени во време кога со локалната самоуправа раководеше ВМРО-ДПМНЕ, велеше Пецаков пред граѓаните за време на изборната кампања во 2021 година.

ВМРО-ДПМНЕ ветија 213 проекти за Велес, а не исполниле ништо!

Актуелниот градоначални на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, иако во кампањата за локалните избори 2021 година кога и го презеде раководството на општината, на граѓаните им вети 213 проекти, две години подоцна овие ветувања останаа само напишани на хартија.

Изминатите две години од мандатот на локалната власт на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Марко Колев резултират со НУЛА резултати. Иако не реализираа ништо од ветеното, Колев и ВМРО-ДПМНЕ удрија по џебот на велешани и ги поскапеа сметките на локално ниво. На велешани локалната вас на ВМРО-ДПМНЕ им ги поскапи цените за собирање на отпад за 100 %.

ВМРО ДПМНЕ и Марко Колев ги изневерија велешани – за две години не реализира ниту еден од ветените проекти на локланите избори 2021 година: нова детска градинка, нова катна гаража кај авотбуската стануца во Велес, проектот за подземна гаража, Дом за стари лица, Дом за деца без родители, реконструкција на Градски парк, нова велосипедска патека, не е решен пробелмот со кучињата скитници…

Актуелниот градоначалник на Велес од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, на Локланите избори 2021 година пред велешани се обврзуваше за реализација на над 213 проекти: нов Развоен истражувачки центар, подземна гаража, нова индустриска зона, три нови спортски комплекси, велосипедски патеки и реконструкција на патот до езерото Младост, нов ГУП, уредување на кејот на Вардар.

„Во програмата која заедно ја изработивме со граѓаните, нудам многу проекти, а воедно и решенија за проблемите кои ги мачат нашите сограѓани. Не ветувам ништо што не можам да го реализирам, a ќе реализирам многу повеќе од ветеното. Ајде да работиме сите заедно, ајде да го вратиме Велес на картата на силни градови, aјде да го вратиме Велес на пиедесталот, на град со најмногу реализирани капитални проекти, најмногу инвестиции, град со најголема поддршка за спортот, културата и младите, Велес за сите граѓани“, со овие зборови Колев на локалните избори во 2021 година го бараше гласот на граѓаните на Велес.

Дестан Јонузи (Фронтлајн)

Треба да знаете
Moже да ве интересира