Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Водици во Битуше: Последното село каде се задржал вековниот мијачки обичај каде централно место има жената

Во селото Битуше, празникот Водици се одбележува на начин што го прави едноставно уникатно во споредба со другите македонски села и градови. Традицијата на „Женските Водици” е особено значајна и посебна. Во овој празничен момент, кумстарките, жените облечени во автентични народни носии, играат водечка улога.

Облечени во автентични народни носии, жените, именувани како кумстарки ја продолжија традицијата што се пренесува од генерација на генерација. Во селото Битуше, празникот Водици се одбележува на начин што го прави едноставно уникатно доживување во споредба со другите македонски села и градови. Традицијата на “Женските Водици” е особено значајна и посебна. Во овој празничен момент, кумстарките, жените облечени во автентични народни носии, играат водечка улога.

Црвена, жолта, црна, бела… Боите на народните носии. Снегот во белото, ноќта во црното, крвта во црвеното, сонцето во жолтото – кое сите не грее еднакво. Фолклорниот пејзаж на боите, магично го ткае нашиот идентитет, а жената ја крева на пиедестал заради силата, заради вољата, заради љубовта!

Во Битуше за Водици се предаваат два крста, кои преминуваат од куќа во куќа. Посебноста на Водици во Битуше е што сè е во знакот на жените.

Церемонијалот започнува со предавање на паричето од крстот. При церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи Кум прашува дали некој изгубил париче, се јавуваат новите Божи Кумови кои треба да го превземат домаќинството, кои тврдат дека е нивно. Тој прашува дали ќе дадат нешто за паричето, а бидејќи тие не даваат ништо, „зошто е нивно отсекогаш“, ги „бесат“.

Како дел од обичајот, новите кумови фрлаат различни предмети, вклучувајќи паричиња, костени, бомбончиња и пченица, симболизирајќи плодна година. Земањето на дел од фрленото се смета за пренос на среќа за целата година. Оваа традиција се одвива во друштво обележано со автентични народни носии и изворни песни што ги одбележуваат кумстарките. Селото Битуше, со својот уникатен пристап, ги чува и пренесува овие обичаи од едно поколение на друго, чувајќи го духот и наследството на “Женските Водици”.

Фотографии: Томислав Георгиев за Делегација на Европска Унија Скопје

Редакција Трн

Треба да знаете
Moже да ве интересира