Усвоени законските измени за намалување на ДДВ-то за менструалните производи

Собранието на Република Северна Македонија денеска ги усвои измените на Законот за данокот на додадена вредност со кои  ќе се овозможи намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со менструални производи.

Санела Шкријељ од пратеничката група на СДСМ во својата објава на социјалните мрежи напиша:

И конечно ги изгласавме измените на Законот за данокот на додадена вредност кој предвидува намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со менструални производи, долгогодишна заложба на активистките!

Измените на Законот за данокот на додадена вредност за намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со менструални производи дојдоа на предлог на Владата за кои беше соопшено дека се усогласуваат со директиви на Европската Унија и европското право и како резултат на  иницијативите активистите на граѓанскиот сектор.

Намалувањето на ДДВ-то на розовиот данок доаѓа во период на менструална сиромаштија кога според студијата „Менструална правда“ речиси секоја трета жена барем еднаш во животот не биле во можност да купат хигиенски влошки.

Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“ и  Реактор – истражување во акција, во 2021 година го спроведоа истражувањето „Менструална правда“ во кое 98% од 2.696 анкетирани се изјасниле дека ќе поддржат ослободување од ДДВ или намалување на даночната стапка на менструалните производи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира