Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бислимоски: Чебрен не е „Скопје 2014“ да го заврши една влада, треба општ политички консензус

„Не успевам да разберам како сите политички елити во државата за овие проекти не се договорат и да кажат ‘да, ќе ги тераме’. Чебрен не може да се заврши една влада за еден мандат од 4 години, не е тоа како ‘Скопје 2014’. Значи, треба време, ама треба да се постигне општ политички консензус“, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Тој додаде дека има неколку проекти кои се извесни и треба да се реализираат, како Чебрен, изградба на нова интерконективна со Грција врска и ширење на мрежи за природен гас на државата, развојно обновливи извори кои што не можат да дадат бесконечно.

„Овие инвестиции за да ни се развива македонската економија, мора да се случат. Следната енергетска криза, како ова е што ја имавме, ние ќе немаме електрична енергија. До таму е отидена работата, да не се лажеме“, рече Бислимоски.

„Со самиот договор е предвидено да се применува методологијата која што ја утврди Регулаторната комисија за енергетика во однос на определување на цена на топлинска енергија произведена од когенеративна постројка. Речиси, повеќе од дупло, цената на когенеративната постројка, Те-То за топлинска енергија, е поевтина од цената на топланите. Истата таа методологија ќе ја примениме и за Митиленеос. На место да имаме цена од 5,3 денари, ќе имаме цена од 2,5 денари“ изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Тој додаде дека оваа топлинска енергија ќе води во централниот систем на топлинска енергија на градот Скопје, каде што има околу 59 илјади потрошувачи.

„Апсолутно не вистина е дека ќе одела само во еден дел во Железара, во Автокоманда и во Маџари. А бе, луѓе, не можеме повеќе да го издржиме ова со лаги. Не е нормално“ рече Бислимоски.

Претседателот на РКЕ додаде дека Те-То ќе продолжи да работи, бидејќи е добар проект и помага во стабилизирањето на напонот на нашата мрежа.

„Дај Боже да направевме уште 10 такви Те-Товци големи, мали, насекаде низ Македонија. Не ги направиме“, рече Бислимоски.

„За 30 години независна Македонија изградила само, како држава кажувам, преку државната компанијата ЕСМ, изградила нешто меѓу 140 и 150 мегавати. Сето тоа останато што се изгради во енергетскиот сектор, се приватни инвестиции од приватниот сектор. Домашни компании, има и странски компании направија повеќе од 900 мегавати во овие 30 и нешто години, од кои само во последните две години се направени 600 мегавати“ изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Тој додаде дека изминатите 30 години, ради кусогледи политики, евтин популизам не градеше ништо.

„Државата во изминатите 30 години, заради кусогледи политики, заради евтин популизам, од аспект- не можеме да градиме, ако градиме ќе ни расте цената, ако направиш нешто да, тоа има влијание и на цената. И се доведовме во ситуација да потрошиме речиси 400 милиони евра со разни субвенции во најголем дел за домаќинствата и да го изгаснеме пожарот. Додадената вредност ни е нула“ рече Бислимоски.

Претседателот на РКЕ рече дека во отие 30 години, ако сме сакале, ако сме можеле и биле мудри ќе сме направеле и гасна електрана, и Чебрен, но не се направени.

Треба да знаете
Moже да ве интересира