Проф. Јоаниду од Универзитетот во Солун: Центарот за македонски јазик е прашање на факти, a нe на предрасуди и е резултат на Преспанскиот договор

Зоран БОЈАРОВСКИ

Професорката на Катедрата за балкански јазици на Универзитетот во Солун Александра Јоаниду за Рацин.мк вели дека регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин е резултат на Преспанскиот договор и нешто што не беше можно пред 5 години.

„Договорот овозможи јазикот да се именува како македонски што речиси беше забрането во Грција. Ние бевме критикувани секогаш кога говоревме дека постои и друг јазик во нашата земја, иако имаме уште 5 други јазици како малцински“,  ни рече професорката Јоаниду.

Нејзината силна, аргументирана и научна поддршка како сведок и лингвист на сведочењето пред судот во Лерин беше од искличителна важност за регистрација на Центарот за македонски јазик и во заштита на правото на Македонците да го учат и говорат својот мајчин јазик.

Таа вели дека тоа е долга приказна и дека таа и други нејзини колеги со ова се соочуваат веќе 25 години.

– Се справувавме со многу предрасуди, со национализам. Мислам дека јас и мојата генерација во Грција всушност ги посветивме нашите животи во борбата против национализмот. Ако нашите родители се бореа со фашизмот, ние се боревме со национализмот, коишто не се многу далеку еден од друг, укажува професорката Александра Јоаниду, од Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии на Универзитетот во Солун.

Професорката Јоаниду потенцира дека „тоа што судот дозволи тој (македонскиот јазик) да се шири преку лекциите на Центарот за македонски јазик, е нешто многу позитивно, што може да се одреди како историски момент“.

– Одлуката што ја донесе судијката, дури и тоа што не успеа обидот на јавниот обвинител да го затвори Центарот за македонски, е историски настан. Судијката којашто што ја донесе таа одлука е многу храбра и многу посебна судијка, истакнува професорката Јоаниду.

Наспроти емоциите на Македонците во Грција, кои се толку очекувани и оправдани, она што му дава посебна тежина на позитивниот исход за регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин во Грција, е објективната и рационална поддршка на прогресивните грчки личности како што е, меѓу другите, и професорката Александра Јоаниду, од Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии на Универзитетот во Солун.

– Моите одговори пред судот беа апсолутно објективни, вели професроката Јоаниду, и во врска со тоа дали јазикот бил забрануван не го поврзав со долгата историја, со децении, на прогон на јазикот и на луѓето што го говорат, што исклучително добро документирано во книгата на Тасос Костопулос „Забранетиот јазик“, ни реќе професорката Александра Јоаниду, од Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии на Универзитетот во Солун.

Таа ја истакнува судијката на случајот Центар за македонски јазик, којашто ја донесе одлуката напишана на 80 страници, и која што ги прекинувала обвинителите или адвокатите на третите страни во жалбените постапки кога поставувале прашања од идеолошка природа или прашања коишто произлегуваат од уверувања и инсистираше да бидат поставувани прашања за фактите.

За целата сторија кликнете на линкот подолу:

Треба да знаете
Moже да ве интересира