Воведен изборен предмет по македонски јазик и култура на кинескиот Универзитет за економија и право

Досега 200 студенти се пријавиле да го изучуваат изборниот предмет по македонски јазик и култура на кинескиот Универзитетот за економија и право кој има за цел да ги запознае студентите со богатата култура, јазикот, традициите и културното наследство на Северна Македонија

На 26 февруари, кинескиот амбасадор во Северна Македонија Џанг Зуо и амбасадорот на Северна Македонија во Кина Сашко Насев одржаа видео говори на свеченото отворање на новоотворениот изборен предмет по македонски јазик и култура во училиштето.

Универзитетот за прв пат понуди изборен предмет по македонски јазик и култура, а предметот го посетуваат 200 студенти. Предметот македонски јазик и култура го предава професорката Фросина Виткоска од Факултетот за странски јазици.

Амбасадорот Џанг Зуо рече дека се надева оти студентите ќе учат за јазикот и културата на Северна Македонија, промовирајќи ги заедничките вредности на мирот, правдата, демократија и слободата за целото човештво.

Амбасадорот Насев во своето обраќање ја истакна важноста на македонскиот јазик. Тој додаде дека македонската култура има многу репрезентативни и посебни народни обичаи, како и нематеријално културно наследство. Тој го пофали интересот на учениците за македонскиот јазик и култура, и ги охрабри да учат посветено, надевајќи се дека кинеските студенти ќе имаат можност да ја посетат Северна Македонија.

Амбасадорот Насев истакна дека преку овој курс студентите ќе стекнат подлабоко разбирање за основите на македонскиот јазик, граматиката, вокабуларот и разговорните вештини, како и запознавање со македонските обичаии, традиции и уметничките манифестации.

Најважната цел е да се промовира длабоко разбирање на македонската култура и развој на меѓукултурно разбирање кај кинеските студенти преку изучување на јазикот и културата и да се изгради мост на пријателство за заеднички просперитет на луѓето од Кина и Северна Македонија во иднина.

Треба да знаете
Moже да ве интересира