Данела клевети, Град Скопје ќе ја плати казната

Данела

После 4 години судење, Основниот граѓански суд Скопје донесе пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање од Орце Тодоровски, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен помошник-генерален директор во МРТВ, против поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, и Град Скопје, за клевета и навреда.

Според одлуката на судот, на 6 декември 2022 година, Арсовска изнела невистинити тврдења со кои им нанела штета на угледот и честа на Тодоровски. Изјавите се однесувале на наводна набавка на 150 автобуси за градскиот превоз во Скопје од Унгарија и тврдења дека Тодоровски посредувал за наводна исплата на провизија.

Сега Арсовска е должна да му исплати на Тодоровски 100.000 денари како надомест на нематеријална штета, јавно да ја објави изреката од пресудата на сопствен трошок во два дневни весници и во иднина да се воздржи од изнесување исти или слични невистинити и навредливи тврдења.

Но, она што е интересно е дека одговорност судот утврдил и за Град Скопје и сега, солидарно со Арсовска, ќе треба да ја надомести штетата и да ја објави изреката од пресудата во согласност со судската одлука.

Следува и вообичаеното на тужителот да ми бидат исплатени 16.457 денари за трошоците на постапката, додека останатиот дел од тужбеното барање е одбиен како неоснован.

Странките имаат право да се жалат на пресудата во законски предвидениот рок.

Најчитано