ДУИ: Признанието на ВЛЕН дека се „страшно слабу“ во Владата е аларм за секој Албанец

ДУИ

Јавното признание на претставниците на ВЛЕН дека се „страшно слаби“ во Владата не е оправдување, туку доказ за целосен политички неуспех, се истакнува во соопштението на ДУИ денеска

Се вели дека во време кога регионот оди напред, Северна Македонија останува сè поизолирана, додека политичката и институционалната положба на Албанците се деградира од ден на ден.

Според ДУИ, застапеноста на Албанците во институциите се намалува, албанскиот јазик се исклучува, , а постигнувањата градени со години се доведуваат во прашање.

„ВЛЕН не може својата неспособност да ја оправдува со силата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните имаат право да прашаат: ако сте толку слаби, зошто останувате во Владата и кому му служи вашето учество?“, прашуваа од ДУИ.

ДУИ укажува дека јавноста бара сериозни одговори за сè почестите обвинувања дека економското влијание, бизнисите и јавните зделки во Скопје и пошироко се концентрираат околу тесниот семеен и политички круг на Изет Меџити.

„Овие сомнежи мора да добијат транспарентен и институционален одговор. Комбинацијата од политичка немоќ, деградација на положбата на Албанците и сомнежи за приватни интереси е аларм што треба да го мобилизира секој граѓанин“, се нагласува во реакцијата.

На Албанците не им се потребни претставници кои јавно ја признаваат сопствената немоќ, сметаат од ДУИ. „Потребно им е претставување што ќе ги брани нивните политички интереси, достоинство и еднаквост“.

Најчитано