Селекцијата на Македонија со убедливи 39:34 го совлада Катар на Светското ракометно првенство со што речиси и ја осигура четвртата позиција во групата во главната фаза и пласман од 13 до 16 позиција.
Македонската репрезентација имаше контрола врз резултатот во текот на целиот натпревар и заслужено стигна до победата, во која за играч на натпреварот беше прогласен Марко Митев.
Најмогу голови за Македонија денес постигнаа Пешевски и Кузмановски по шест, по што следуваа Костески и Митев со по пет.
Со оваа победа Македонија има четири поени во главната фаза од ракометното првенство и речиси сигурно четврто место.
Во последното коло Македонија ќе игра со фаворитот Франција, во четврток од 20:30 часот.