Со гаранција од над 500.000 евра Ѓорѓиоски излегува од притвор

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, е пуштен од притвор и ќе го очекува почетокот на судењето во домашен притвор, откако депонира банкарска гаранција од над 500.000 евра.

Како што информира Кривичниот суд во Скопје Ѓорѓиоски поднел гаранција во имот вреден над 508.000 евра.

Од Кривичниот суд потврдуваат дека притворот е укинат и за уште две други лица – Томислав Младеновски и Ѓуро Чубриновски. И кај нив притворот е заменет со гаранција и мерки на претпазливост. За Младеновски е дадена гаранција од 206 000 илјади евра, а за Чубриновски од 1 600 000 евра.

Ѓорѓиоски беше во притвор од 19 јуни годинава откако ден претходно ОЈО ГОКК отвори истрага против 18 физички и осум правни лица, во која се опфатени и двајцата експретседатели на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини.

Во домашен притвор е и Сејдини, кој претходно обезбеди гаранција од 1.000.000 евра.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?