Велес сега е во Куманово, епицентарот на дигиталните измами

Куманово

Трагата на оваа дигитална измама е далеку од Холивуд или Вашингтон и потекнува од кај нас. Лид Сторис откри координирана мрежа од лажни страници на обожаватели на Фејсбук, со домени проследени до Куманово, одговорни за објавување на овие измислени објави, пренесува Вистиномер.

Низ социјалните медиуми, впечатливи објави почнаа да се шират како шумски пожар, изнесувајќи изненадувачки тврдења за некои од најпрепознатливите жени во светот. Наводно, познати личности, вклучувајќи ја поранешната гувернерка на Алјаска, Сара Пејлин, и поранешната прва дама Мишел Обама, се забележани како носат „веројатно најмалото бикини на светот“. Овие сензационални наслови беа придружени со привлечни слики кои ги прикажуваат познатите личности во провокативни облеки, поттикнувајќи кликови на линкот во коментарите за да се видат разголени фотографии.

Сепак, ветениот спектакл не е ништо повеќе од разработена дигитална илузија. Наместо скандалозни галерии, корисниците се најдоа заробени на блог страници – како онаа со наслов „Сара Пејлин – 40 најдобри фотографии!“ – исполнети исклучиво со бесконечен број на реклами. Насловите се едноставно мамка, креирана да насочи веб сообраќај и да генерира приходи од реклами.

Извор: Лид Сторис преку HIVE ModerationНе им требаше долго на проверувачите на факти од „Лед Сторис“ да ја откријат измамата. Со прегледување преку напредни алатки за детекција како што се „Хив Модерејшн“ и „ЗероГПТ“, тие потврдија со сигурност до 99,9% дека фотографиите се целосно генерирани од вештачка интелигенција. На неколку од нив кујната во позадина е искористена повеќе пати, со лица на различни познати личности залепени на исто тело.

Трагата на оваа дигитална измама е далеку од Холивуд или Вашингтон, и потекнува од кај нас. Лид Сторис откри координирана мрежа од лажни страници на обожаватели на Фејсбук, со домени проследени до Куманово, одговорни за објавување на овие измислени објави. Куманово, пак, има долга, документирана историја на операции за мамење со кликови дизајнирани да манипулираат со глобалните алгоритми на социјалните мрежи за пари уште од 2019 година, кога исто „Лид Сторис“ откри страници кои ширеа дезинформациски содржини наменети за американската јавност и пошироко, каква што е и актуелнава кликбејт измама .

„Лид Сторис“, сепак, истакнува дека иако С. Македонија останува активна, епицентарот на оваа високо профитабилна индустрија на кликови потпомогната од вештачка интелигенција неодамна се префрли кон координирани операции со седиште во Југоисточна Азија, особено во Виетнам.

Најчитано