Полицијата утврди неправилности кај 92 од вкупно 405 контролирани автобуси и други возила за јавен превоз на патници во акциска контрола спроведена вчера низ целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Контролата била спроведена од 8 до 13 часот од Секторот за сообраќајни работи при МВР.
На технички преглед биле упатени 170 возила, а 34 биле исклучени од сообраќај поради утврдени неисправности.
Во рамки на акцијата биле поднесени и три кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека едно возило било одземено согласно член 300-б.
Полицијата констатирала и 239 други сообраќајни прекршоци.
