За Скопје и околината за попладневните часови е издадено жолто предупредување поради можност за грмотевици и локална нестабилност.
Според УХМР, во делови од Скопската Котлина попладнево има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во останатите делови од Македонија локално се очекуваат и поинтензивни процеси со пороен дожд, засилен ветер, а на места има услови и за невреме со силен ветер и појава на град.
Жолтото предупредување означува потенцијално опасни временски услови, па се препорачува поголемо внимание при престој на отворено во периодите со грмежи.

