ДПМНЕ сака да ги замолчи работниците кои бараат достоинствен приход

‘ВМРО ДПМНЕ прави сè за да ги замолчи работниците, кои бараат само подобар живот’, рече Симона Цветаноски, од СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање. Таа потенцираше дека Владата предв одена од Христијан Мицкоски, има пари за луксуз, за привилегии, за богатите, но не и за народот. ‘Работниците, кои се темелот на секое општество, се нападнати затоа што бараат само едно – фер и достојна плата’.

„ВМРО-ДПМНЕ отворено застана против работниците, правејќи сè за да ги замолчи оние кои бараат подобар живот. Наместо да ги зголеми платите, оваа власт води валкана кампања, со лаги и притисоци, за да ги уништи сите организации кои се независни и го креваат гласот против неправдите. Целта е јасна – да се заплашат работниците и сите што бараат правда. Да се создаде атмосфера во која никој повеќе нема да се осмели да побара нешто што оваа власт не сака да го даде. ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ битка против секој што се осмелува да бара подобар живот, против секој што се спротивставува на диктатот на ДПМНЕ“, рече членката на ИО на СДСМ, Цветаноски..

Според неа во минатото, ВМРО-ДПМНЕ глумеше поддршка за работниците, но сега и е откриено вистинското лице.

„Ги користеа кога им требаа за политичка пресметка, а сега сакаат да ги замолчат засекогаш“, реле таа.

Според Цветаноски, лагите и заканите од страна на ВМРО ДПМНЕ нема да ги спречат работниците да се борат.

„СДСМ останува доследна и ќе продолжи да ги поддржува сите што бараат правда. ВМРО-ДПМНЕ сака да создаде тишина и страв, но тоа нема да се случи. Работниците нема да бидат замолчени. СДСМ ќе биде тука, во оваа борба, сè додека секој работник не добие плата со која може да живее“, рече таа.

Зачлени се на нашиот е-билтен