Уште едно изненадување донесе последниот меч од третиот ден на Мундијалот.
На стaдионот во Ванкувер, репрезентацијата на Австралија ја совлада Турција која беше фаворит на овој меч со резултат 2:0.
„Кенгурите“ поведоа во 27. минута со голот на Иранкунда.
Турција иако се закануваше, не успеа да израмни, па во 75 минута Меткалф зголеми на 2:0 што беше и конечниот резултат на натпреварот.
Сега, на табелата САД и Австралија го делат првото место со по 3 бода, додека без бодови се репрезентациите на Турција и Парагвај.
