Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка

Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 1.15 часот  ги лишиле од слобода  Б.Х.(27) и С.У.(22), двајцата од Велес, постапувајќи по пријава од Б.Н.(25) од Чашка, дека на „Стар мост“ во Велес физички го нападнале со тврд и стаклен предмет и го оштетиле патничкото возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од  А.И.(33) од Чашка во кое се превезувал Б.Н..

„Б.Х. и С.У. биле задржани во полициска станица“, информираа попладнево од СВР Велес.

Додаваат дека бил известен бил Јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Зачлени се на нашиот е-билтен