Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Еве каде Трамп планира да ги исели жителите на Газа: Овие земји се илјадници километри оддалечени од Израел! Сè за „блискоисточната ривиера“! 

Американскиот претседател Доналд Трамп уште со доаѓањето на власт, рече дека сака да пресели околу два милиони жители на Газа во Египет и Јордан.  Оваа, барем досега двете земји ја отфрлија. 

Според израелскиот медиум Канал 12, наводно, Трамп повеќе не сака да ги преместува жителите на Појасот Газа во соседните земји, туку илјадници километри подалеку. Медиумот објави дека американската влада сега размислува раселените лица да ги смести во Мароко, како и Сомалиленд и Пунтланд, два независни региони во Сомалија. 

Според извештаите на медиумот, тие би можеле да бидат совршени земји за договорот на Трамп, бидејќи се борат за американска поддршка и затоа би можеле да имаат голема корист од договорот со американската влада. Сомалиленд и Пунтланд не се меѓународно признати како држави, а Мароко има територијални спорови околу Западна Сахара. Сепак сè уште нема официјална потврда за овие наводи.

За сега сеуште нема официјална потврда на ваквите информации, но исто така било сомнително дали Трамп е за ова решение – или, пак,  сместувањето во соседните земји сепак ќе биде можно.

До разрешување на оваа дилема може да дојде уште следната недела, бидејќи според Аксиос, и јорданскиот крал Абдула (63) и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси (70) патуваат во Вашингтон. Американскиот портал цитира арапски функционер кој, има сериозни сомневања во врска со преселувањето во двете соседни земји на Газа. 

„Овој план не е ниту практичен, ниту политички изводлив за која било арапска земја. Јасно е дека десетици илјади терористи на Хамас сè уште живеат во Појасот Газа. И соседните земји не ги сакаат – тие се плашат од дестабилизација“, рече тој. 

Сепак, можно е, Трамп да изврши толку голем притисок што државите ќе попуштат. После преселувањето Трамп сака да го израмни појасот Газа и повторно да го изгради. Според неговите идеи, таму треба да се создаде „блискоисточна ривиера“.

Зачлени се на нашиот е-билтен