Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Левица: Власта незаконски избра членови на ААВМУ – Верзиволи и Селмани не исполнуваат услови

Нетранспарентно, политички наместено и со избор на кандидати кои не ги исполнуваат законските услови – на ваков начин коалицијата ДПМНЕ – ЗНАМ ги именуваше новите членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Противзаконско е именувањето за членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Афрона Верзиволи и Нафије Селмани, кои се политички истакнати личности преку политички партии од албанскиот блок, велат од Левица.

„Спротивно на Законот за ААВМУ според кој ,,за членови на Советот не можат да се именуваат лица кои биле дел од органите на партијата во последните 10 години, сметајќи го денот на објавувањето на конкурсот“, Верзиволи е политички ангажирано лице во Алијанса за Албанците, чие име се поврзува со скандалот дека Верзиволи нема лиценца да биде директор во Ревизијата на ИПА фондовите, при што самиот Таравари ја спомна како член на Алијанса. Верзиволи е партиски кадар, бидејќи и нејзиниот сопруг, според медиумските извештаи, е на чело на партиски огранок на Алијанса за Албанците.

Сличен е случајот и со именувањето на Нафије Селмани, која беше член на претседателството на Алтернатива до 2021 година, кога поднесе оставка во знак на незадоволство, бидејќи Алтернатива како дел од Владата на СДСМ-ДУИ немаше најдено место за жените во извршната власт.

Зачлени се на нашиот е-билтен