Македонија стана членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

За време на 29-та сесија на Конференцијата, Република Северна Македонија, денеска успешно е реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година, пишува во соопштението на Министерството за надворешна работа и надворешна трговија.

Од таму информираат дека на гласањето, кое се одржало денеска во Хаг, нашата кандидатура освоила 86 гласови, во конкуренција со три држави за две слободни места.

“Членството е потврда за посветеност кон глобалните напори за разоружување и уништување на хемиското оружје“, пишува во соопштението на македонското министерство.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?