Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање кој е дел од Коалицијата Вреди, Изет Меџити, денеска на прес – конференција оцени дека одлуката на американскиот Стејт Департмент за ставање на Артан Груби на т.н. црна листа е потврда за исправноста на заложбите на коалицијата, и го повика членството на ДУИ да го напушти како што вели, бродот кој тоне.
. Одлуката на американскиот Стејт Департмент за ставање на Артан Груби на т.н. црна листа забранувајќи му влез во САД е доказ дека се’ што сме зборувале било на место и сме биле во право. Како и секогаш досега САД докажаа дека се наш прв и најзначаен стратешки партнер кој секогаш знае директно и јасно да ни ги посочи проблемите од кои страдаат нашите граѓани и нашата држава, изјави Меџити.
Тој, воедно побара од надлежните институции да спроведат истрага за наводите со цел да понесе одговорност секој кој што го прекршил законот.
-Одговорноста е основен принцип во секоја демократска држава. Ги повикувам сите надлежни институции да постапат соодветно, да ги истражат сите наводи и да се обезбеди дека секој што ги прекршил законите ќе одговара.