Последователните денови со загаденост на воздухот над дозволениот праг во речиси сите поголеми градови во државата во зимскиот период, како и нехуманата градежна експанзија, интензивното користење на минералните суровини, дивите депонии, горењето на насобраниот отпад од истите, неизградбата на регионалните депонии и соодветно собирање, транспортирање и третирање на отпадот, ја испорачауваат сметката: Жителите на главниот град Скопје дишат воздух во кој загаденоста е поголема неколку пати од дозволеното и сличните околности живеат и жителите на Тетово, Струмица, Кочани и други градови, ги ставија нашите градови на топ-листата на десет најзагадени градови во светот.
Едно истражување на УНИЦЕФ покажа катастрофални резултати – дека секое десетто новородено дете во нашата земја како последица на смртта ја има нечистата животна средина.
Состојбите не се подобри ниту во однос на начинот како државата, и на централно и на локално ниво, се справува со овој смтрносен проблем.
Во интервју за Рацин.мк, народниот правобранител Насер Зибери вели „Состојбата е навистина алармантна“.
„Истражувањето покажа дека над 50% од едниците на локјална самоуправа немаат организирано инспекцисики служби за заштота на животната средина, немаат вработено ниту еден инспектор за жиовотна средина“, посочува Зибери на податоци од истражувањето што Канцеларијата на Народниот правобраните во спроведе си УНДП и со дел од граѓанските организации од заштитата на животната средина.
Зибери уште вели дека истражувањето покажало дека општините формално, бидејќи на тоа ги обврзува Законот за локална самоуправа, носат годишни планови и мерки за заштита на животната средина, но, најчесто, заради тоа што немаат служби за нивно спроведување, тие не се реализираат.
„Носат вакви мерки, а не планираат финансиски средства и тие практично не се спроведуваат“, вели Зобери во интервјуто за Рацин.мк.
„Ако нема инспектор кој ќе ги спроведува мерките, кој ќе укажува и ќе казнува, тогаш како може да очекуваме правниите субјекти и физичките лица да внимаваат на животната средина. Затоа ни се случува како печурки да никнуваат диви депонии, да бидат палени и загаденоста на воздухот да е со највисок процент“, истакнува народниот правобранител.
Омбуцманот Насер Зибери, нагласува дека заштитата на животната средина „не е само еколошко прашање, туку е и правда и фундаментално човеково право“ и затоа омбудсманите и институциите за заштита на човековите права „имаат се поголема улога во промовирање на еколошката правда“.
Во таа насока тој укажува на начелниот став на Врховниот суд, дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина како една од гаранциите на нашиот Устав кон секој поединец.
Зибери е охрабрен од се поголемата свест на граѓаните, за што, говори тој, во последните месеци бројот на претставки на граѓаните против држвата кои бараат таа да ги исполни уставните и законските обврски за здрава животна средина, е во постојан пораст.
Целото интервју со народниот правобранител Насер Зибери ќе биде објавено во недела, на 2 февруари.