Во новиот Предлог Буџет за 2025 година, владата на Мицкоски ги намали парите за чист воздух за 51%, а за животна средина за 25%, велат од СДСМ.
„Ваквата одлука претставува тежок удар врз здравјето на граѓаните. Игнорирањето на основните потреби на граѓаните, ставени се да се гушат, додека власта на Мицкоски нема намера да преземе ништо против загадувањето. Во буџетот има помалку пари за енергетиката, парите за гасификација се преполовени. Наспротив ваквата состојба во државата, власта во Собранието, досесга не прифати ниту еден амандман на СДСМ со кои баравме да бидат обезбедени повеќе средства, во интерес на граѓаните“, стои во партиското соопштение.
За опозициската СДСМ, намалување на парите во буџетот, ја прави Владата неодговорна, бидејќи со помалку средства не може да има реална борба против загадувањето и обезбедувањето на чист воздух за граѓаните. Од СДСМ обвинуваат, дека кратењето на парите доаѓа во време кога Скопје но, и други градови во државата повторно се меѓу најзагадените градови во светот.
Според последните мерења во Скопје воздухот има зголемена концентрација на ПМ 2,5 честичките за 16 пати а ПМ10 честичките се со концентрација од 83,9 микрограми.
Воздухот е означен како ”нездрав”, што може да предизвика сериозна закана за здравјето на граѓаните.