Трагедија во Индија: 18 загинати во експлозија во фабрика за петарди

Најмалку 18 лица загинаа во експлозија во фабрика за петарди што денеска се случи во индустриска зона во областа Банасканта во индиската сојузна држава Гуџарат.

„Осумнаесет лица загинаа во инцидентот, а пет беа повредени откако ѕидот на зградата се урна по огромна експлозија, изјави началникот на полицијата Акшајрај Маквана“, според Хиндустан Тајмс.

Повеќето од жртвите биле работници од државата Мадја Прадеш и членови на нивните семејства.

Зачлени се на нашиот е-билтен