Пред РТС веќе неколку дена трае блокада на студенти, на која и се приклучија голем број граѓани.
Планот е блокадата да трае се додека не се исполнат барањата што подразбираат или да се распишат избори за ново членство во Регулаторот за електорнски медиуми (РЕМ) или да се затвори РТС.
Во настаните пред РТС е вклучен и поранешниот кошаркар и репрезентативец Владимир Штимац, кој во четвртокот во текот на денот предупреди дека власта планира насилно да ги пробие блокадите со полицијата, кои доведоа до пристигнување на голем број луѓе на локациите во Таковска и Кошутњак, пренесува Нова.рс.
Штимац во објава на социјалните мрежи истакна дека имало и инцидент.
“Ветераните ја неутрализираа женската личност која имаше нож. Веднаш потоа пристигна УКП (Управа за криминалистичка полиција) и ја однесоа. Кога сте со деца, погледнете околу себе и анализирајте кој е во близина – за да бидат безбедни децата и граѓаните. Браво за ветераните и УКП, бидејќи постапија максимално професионално”.
Ова е порака за сите да се погрижат во наредните денови да не подлегнат на провокации и да ја осигуратт сопствената и безбедноста на другите, вели Штимац