Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија уапсиле 38-годишниот Б. Р. од Крагуевац, под сомнение дека извршил тешко убиство. По налог на Вишото јавно обвинителство во Крагуевац, на осомничениот му е одредено задржување до 48 часа.
Според информациите од истрагата, тој утрово, во препладневните часови, во својот автомобил ѝ нанел повеќе убоди со нож на својата поранешна сопруга (41), по што се оддалечил од местото на настанот со истото возило.
Жената им подлегнала на повредите.
Набрзо по убиството, полицијата го пронашла возилото во близина на местото на настанот, како и осомничениот, кој имал видливи повреди за кои се претпоставува дека си ги нанел самиот со нож. Тој бил префрлен во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац за укажување лекарска помош.
Како што соопштија од МВР, во тек е истрага за целосно расчистување на сите околности поврзани со овој трагичен настан.