Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Бугарија се разочарани што родопската гајда не е на листата УНЕСКО, како што се македонската и турската

Во Бугарија се разочарани што Родопската каба гајда, која ги има истите карактеристики како оние опишани во УНЕСКО за македонската и турската, не е вклучена на листата на нематеријалното светско културно наследство на оваа светска организација.

Како што е познато, УНЕСКО ја вклучи гајдата на листата на нематеријалното светско културно наследство, припишувајќи го на Македонија и Турција, станува јасно од порака на веб-страницата на организацијата, пишуваат бугарските медиуми.

„Традиционалната гајда (Гајда/Тулум) е традиционален дрвен дувачки инструмент кој се изработува и се користи во Република Северна Македонија и во источните црноморски региони и Тракија во Турција. Во Северна Македонија се состои од четири дела:

Цевка за звук, брчало или бучало, најчесто од три дрвени цевки,дувало за да се дополнува воздухот во мевот, односно мешината на гајдата. Во двете земји за изработка на цевките се користи шимширово дрво. Телото е направено од козја или овча кожа која се натопува неколку дена во мешавина од вода, пченка брашно, јогурт и сол. Потоа се надувува и се закачува да се исуши. Кога ќе се исуши, се прицврстуваат останатите деловите. Гајдата се поврзува со изведбите на народните песни и се користи за време на свадбите или народните празници“, се вели во образложението на УНЕСКО, пренесуваат бугарските медиуми.

Северна Македонија и Турција, наведуваат бугарските медиуми, заеднички аплицирале гајдата од овие две земји да биде вклучена на листата на нематеријалното светско културно наследство. Моментално на листата на УНЕСКО Македонија е присутна со вкупно 6 номинации, од кои две заеднички со Турција. Вториот е пролетниот фестивал Едерлези. Еден од македонските настани е заеднички со Бугарија, Молдавија и Романија – прославата на 1 март.

Родопската каба гајда, која ги има истите карактеристики како оние опишани во УНЕСКО за македонската и турската, беше предложена во 2016 година, но не беше вклучена. Бугарија има 7 локации на листата, а само една од нив е заедничка со други земји – обичаите од 1 март.

Зачлени се на нашиот е-билтен