На 27 јануари, светот го одбележува Денот на сеќавање на жртвите на холокаустот, а многумина патуваат во Полска, во Аушвиц, на околу 50 км западно од Краков, да сведочат за ужасите што се случиле таму. Логорот, ослободен пред 80 години од Советската армија, и денес носи неизбришлива трага на страдањата на милиони луѓе. Некои патуваат за да ги почитуваат жртвите, а други – за да се соочат со минатото што ги следи на секој чекор.

-Ја минувам вратата на Аушвиц-Биркенау, а воздухот е тежок, како да ја носи сенката на страшните настани. Поминувањето низ тесните и празни простории, каде некогаш се чувале и умирале невини луѓе, е како да ја допираш историјата. Гледам низ прозорите на блоковите, иако многу работи веќе не се таму, ми се чини како да можам да почувствувам звукот на чекорите на затворениците кои минувале. Звуци од старите метални жици, кои порано ги оградувале и ограбувале животите на толку многу луѓе. Длабока тишина е во воздухот, се вели во репортажата на Б-92.

„Во 1945 година, Аушвиц беше ослободен од Советската армија, но злото што се случило тука не може да биде заборавено“, вели еден од водичите на музејот. Тој зборува за големата трагедија што се случила на ова место, каде што над 1,1 милион луѓе загинале.

Повторно и повторно слушаме за таа ужасна бројка, но кога стоите тука, на местото каде што ги извршувале злосторствата, тоа станува реалност што не можете да ја избегате. На патот кој води кон Биркенау, ве поздравуваат железничките шини – тоа е истата линија по која еврејските затвореници биле донесувани овде, од сите делови на Европа. Погледот кон самата капија, на која стои натписот „Работата ќе ве ослободи“, ве тера да размислувате за огромната трагедија која се случила зад овие ѕидови, се вели во репортажата.

Музејот на Аушвиц не е само збирка на фотографии и документи. Тој е живо сеќавање на страдањата и трагедиите кои се случиле, се гледаат личните предмети на жртвите, фотографиите кои ги прикажуваат нивните лица пред да бидат однесени во смрт, а сето тоа е навистина потресно. Секој еден предмет зборува за животите кои биле уништени, за семејствата кои биле разурнати, за жртвите кои не добиле ни шанса да живеат.

-Денес, ова место е посетено за многумина – од студенти и истражувачи до обични граѓани кои доаѓаат да се соочат со минатото. Но, за некои, сеќавањето на Аушвиц е само уште една туристичка атракција. Можеби не е лесно да се соочат со страшните вистини, но тоа е точно она што мора да се направи. Доколку не ја разбереме историјата, ризикуваме да ја заборавиме и да не научиме од неа. Како што шетаме низ оваа историја, се чувствува дека патот кон заборавот е уште далеку. Аушвиц ќе остане на ова место, не само како музеј, туку и како живо сведоштво за тоа што значи да се изгуби човечкото достоинство. Секоја од овие камења, секоја од овие табли, ја носи тежината на милиони приказни – на животите што беа прекинати во најгруб начин. Но, тука, на ова место, сеќавањето е живо. И тоа мора да живее, за да се спречи да се повтори, пренесува Б-92.