Повеќе од 72.000 Палестинци се убиени од почетокот на војната во Газа

Од почетокот на израелската агресија врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година, убиени се 72.549 Палестинци, а 172.274 се повредени, соопшти денес Министерството за здравство во Газа.

Според соопштението, во последните 24 часа, осум убиени Палестинци и 24 повредени лица се донесени во болниците во Газа .

Од прогласувањето на прекинот на огнот на 11 октомври минатата година, 773 Палестинци се убиени, а најмалку 2.171 лице е рането. Во тој период, под урнатините беа пронајдени телата на 761 Палестинец.

Се проценува дека има илјадници исчезнати жртви кои сè уште се заробени под урнатините на зградите, но службите за итни случаи имаат проблеми да стигнат до нив поради недостаток на потребна опрема.

Агенцијата на Обединетите нации „Жени на ООН“ во петокот објави дека израелската армија убила најмалку 38.000 жени и девојки во Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен