Најмалку 50.000 луѓе протестираа против Ердоган во Анкара, на демонтрациите организирани од главната опозициска партија во Турција, Републиканската народна партија (ЦХП), во Анкара денеска. Демонстрациите се одржуваат пред клучното судско рочиште кое би можело да доведе до пад на партијата.
Демонстрантите го исполнија огромниот плоштад Тандоган во турската престолнина во знак на одлучност и пркос пред судското рочиште во понеделник, 15 септември. Заменик-претседателот на ЦХП, Мурат Бакан, рече дека околу 50.000 луѓе учествуваат на митингот. Луѓето мавтаа со турски знамиња и носеа маици со ликот на основачот на републиката, Мустафа Кемал Ататурк.
Зборувајќи од говорницата, лидерот на ЦХП, Озгур Озел, рече дека толпата дошла да „се спротивстави на судскиот удар“ за кој рече дека се спроведува против партијата. Состанокот во понеделник би можел да доведе до негово отстранување од лидерската позиција.