Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нова восхитувачка слика од Сатурн фотографирана од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“

Објавена е нова слика од Сатурн од НАСА, сликана од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“. На новата слика јасно се гледаат познатите широки прстени на петтата планета на соларниот систем. Планетата е потемна, а на фотографијата се гледа како таа засенува дел од прстените.

На левата страна може да се забележат и три точки кои се всушност три од десетиците месечини на Сатурн. Тоа се Диона, Енкелад и Tетида.

Фото: NASA, ESA, CSA, STScI

Со објавата на оваа фотографија, „Џејмс Веб“ ја комплетира својата „колекција“ на фотографии на четирите гасовити џинови на нашиот соларен систем, односно Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.

Фото: NASA, ESA, CSA, STScI

„Џејмс Веб“ ѝ стана познат на јавноста кога се објавија неговите први фотографии сликани во боја. Оттогаш редовно се објавуваат фотографии сликани од негo – слики од други планети, маглини и длабоки полиња.

Фото: NASA, ESA, CSA, STScI

Објавените фотографии поминуваат низ неколку фази на обработка за да ја добијат нивната конечна форма.

Телескопот е осетлив и на инфрацрвени фреквенции, кои се надвор од човечкиот опсег на видливи фреквенции. Затоа, фотографиите мора да се „преведат“ во фреквенции, односно бои, кои се видливи за човекот. Пократките фреквенции се поставуваат како сини, а подолгите како црвени. Сината и црвената боја се на обратни страни на видливиот спектар на бои, каде што сините фреквенции се пократки, а црвените подолги.

Конечените фотографии се најчесто композиција од неколку фотографии кои биле фотографирани со различни нивоа на осетливост за различни фреквенции, молекули и други параметри. При овој процес се збогатува фотографијата.

Дел од овој процес стана транспарентен со објавата на една неиспроцесирана слика од Сатурн. Сликата беше објавена пред една недела, во исчекување на објавата на конечната слика.

Фото: NASA, ESA, CSA, STScI

МЕТА

Зачлени се на нашиот е-билтен