Русија ја извести СЗО смртта во истражувачкиот институт на Сибир, Кремљ ги демантира шпекулациите

Песков
Kremlin.ru, CC BY 4.0 , via Wikimedia Commons

Русија навремено и според сите пропишани меѓународни протоколи ја информираше Светската здравствена организација за смртта на вработена во истражувачки институт за чума во Сибир, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Реакцијата на Москва доаѓа по дипломатските притисоци и барањата од Соединетите Американски Држави за поголема транспарентност околу целиот инцидент, при што руските власти остро ги отфрлија медиумските тврдења за наводно прикривање на здравствените ризици.

Инцидентот се случи во Иркутската област, каде по смртта на лабораториската работничка надлежните органи веднаш изолираа десетици лица кои биле во непосреден контакт со починатата. На терен во Сибир беше упатена и челничката на федералната санитарна служба „Роспотребнадзор“, со цел директно да раководи со епидемиолошките мерки и надзорот над потенцијалните жаришта.

Официјалните анализи покажуваат дека бактеријата не е потврдена кај ниедно лице од групата што се наоѓа во превентивен карантин, а локалните власти смируваат дека нема промени во нормалното функционирање на јавниот живот во регионот. Руските институции апелираат граѓаните да следат единствено верификувани здравствени соопштенија наместо непотврдени написи што создаваат непотребна паника.

„Ја известивме Светската здравствена организација точно според утврдените процедури. Најголем дел од медиумските тврдења се целосни невистини, поради што јавноста треба да верува исклучиво на официјалните податоци од здравствените служби“, порача портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?