Русија нападна цивилен товарен брод во Црно Море, загинаа пет члена на екипажот

екипажот

Најмалку пет члена на екипажот се убиени, осум се спасени, а по петмина сè уште се трага откако руските сили погодија меѓународен товарен брод во Црното Море во близина на украинското пристаниште Одеса.

Бродот што пловел под знамето на Гвинеја-Бисао го напуштил пристаништето натоварен со пченка, а на него имало 17 морнари од Индија и Сирија и еден украински државјанин, изјави украинскиот премиер Сергеј Корецки. Москва сè уште не го коментирала нападот.

„Бродот е цивилен, а екипажот е меѓународен“

Во последните недели, Русија ги засили нападите врз големите украински пристаништа на југот од земјата, преку кои се извезува голем дел од житото и друг важен товар.

„Тоа е цивилен брод, меѓународен екипаж и рута важна за глобалната безбедност на храната. Путин повторно избра цел“, напиша вршителот на должноста министер за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, на социјалната мрежа X.

Еден ден претходно, едно лице беше убиено во руски напад врз пристанишната инфраструктура во Одеса, при што беше погоден брод што пловел под знамето на Антигва и Барбуда.

Три лица беа убиени во руските напади врз Одеса и Николаев во петокот.

Најчитано