ВИДЕО: Шпанија се претвори во салата, 20.000 луѓе се гаѓаа со 165 тони домати

Screenshot: La tomatina (2026)

Ако некој денеска поминел низ шпанскиот град Буњол, лесно можел да помисли дека нешто сериозно тргнало наопаку. Улиците биле целосно црвени, луѓето покриени со домати од глава до пети, а од камиони летале нови количини домати. Причината е „Ла Томатина“, една од најлудите традиции во Шпанија.

На годинашното издание се очекувале повеќе од 20.000 учесници, а за нешто повеќе од еден час биле употребени до 165 тони презреани домати. Камиони полни со домати се движеле низ тесните улици на Буњол, додека учесниците фрлале домати едни кон други, а белите маици за само неколку минути станувале розови и црвени.

„Ла Томатина“ традиционално се одржува последната среда во август, а годинава фестивалот беше закажан од 12 до 13 часот. Официјалниот капацитет е ограничен на 22.000 луѓе.

И покрај хаосот, фестивалот има правила. Најважното е доматот да се згмечи пред да биде фрлен, за да се намали ризикот од повреда. Зградите долж трасата претходно се покриваат со заштитни платна, а жителите од балконите често ги прскаат учесниците со вода.

Околу 40 проценти од учесниците во последните години доаѓаат од странство, а фестивалот особено добил популарност меѓу туристите од Индија по појавувањето во боливудски филм во 2011 година.

Идејата за огромна битка со домати не била измислена како туристичка атракција. Традицијата потекнува од 1945 година, кога расправија за време на локална парада прераснала во импровизирано гаѓање со храна. Осум децении подоцна, случајната тепачка прерасна во фестивал познат низ целиот свет

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?