Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повика сите кои се за мир да извршат силен притисок врз Русија за да ги запре нападите врз Украина. Во бомбашките напади синоќа беа убиени најмалку 12 лица.
„Без навистина силен притисок врз руското раководство, оваа бруталност не може да се запре. Санкциите дефинитивно ќе помогнат“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој апелираше до САД, европските земји и сите други поддржувачи на мирот да покажат решителност и да извршат притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната.
Најмалку 12 лица загинаа денес во руски воздушен напад врз повеќе украински региони, само неколку часа пред планираната размена на затвореници меѓу Русија и Украина.
Меѓу жртвите се и три деца, кои загинаа при бомбардирањето на северозападниот украински регион Житомир.