Со заробен отворен германски офицерски автомобил до „Млад борец“ во Горно Врановци

„Дневник по многу години“ на Блаже Конески за прв пат е објавен во 1988. Рацин.мк во неколку продолженија ќе пренесе извадоци од критичкото издание на МАНУ од 2014во пресрет на 5 Мај, Денот на македонскиот јазик. Впрочем, Конески и неговото дело секогаш се повод сами по себе.

БРАТУЧЕДИ

Ние бевме речиси од една врст – од најстариот до најмладиот да имаше пет-шест години. Ние растевме заедно, си игравме заедно, понекогаш и ce дечкавме, па дури и се даволкавме.

Но имало ден кога ce решава судбината на секого. На 9 септември 1944 година над Прилеп се поведе артилериски двобој меѓу хаубиците на полковникот Младенов командант на бугарскиот артилериски баталјон и една германска единица. Попладнето Германците ce повлекоа кон Битола. Тогаш во градот влегоа партизаните, настапувајќи во две колони од едната и другата страна на улиците.

Прекуноќ животот во градот ce измени. Почнаа митинзи, културни настани, организирање на новата власт, среќавања на познати и блиски луѓе што одамна не ce виделе. Така и јас го сретнав својот помлад братучед Атанас, во англиска униформа, преврзан со црвена шамија околу вратот, со пушкомитралез на рамо. Висок и строен, тој чекореше самосвесно. Беше вклучен во баталјонот на Народната одбрана. Атанас беше познат фудбалер во Прилеп. При друг случај Атанаса го сретнав со неговата девојка, со која се држеа за рака. Постариот брат на Атанаса, Цане, загина во 1942 година на Мукос. Toj беше нашиот најубав и најдобар по душа братучед. Го посетив во Софија во касарната каде што служеше војска. Ce гледаше дека решил нешто важно за себе. Ми кажуваше за репресалиите што во неговиот полк ce вршеле над напредни луѓе. Дојден на отсуство, тој замина во партизани и загина во борбата на Мукос. He можам да премолчам дека заради него јас ја напишав подоцна „Сончева колона“.

Партизаните останаа во Прилеп само неколку дена и отстапија пред голема германска колона што ce приближуваше од Грција. Утрото по нивното повлекување Германците почнаа да го опстрелуваат градот со артилерија. Дома бевме само баба Дунавка и јас. Другите домашни ce беа веќе засолнале во Небрегово, носејќи го и нашиот двегодишен внук Влатко. Ce посоветував со бабата и решив и јас што поскоро да одам таму. Баба Дунавка остануваше сама во куќата.

Ce разбира, тргнав не по патот, ами прекутрупа. Сакав да ce искачам на Зеленик и отаде да дојдам над Дабница, за да ce префрлам преку планина во Небрешкото.

Улиците беа пусти, нигде ни жива душа. Почесто ce слушаа експлозиите од гранатите. Кога дојдов до сенарникот, видов дека неколцина бугарски војници во шлемови ce спремаат да ги напуштат топовите и ги вадат затворачите да ги фрлат некаде. Свршено е, значи, со отпорот.

Кога накачив малку кон Зеленик, веќе имав добар преглед пред себе. Еден германски далекометен топ ја чешлаше спротивната страна, под Селце. Другата цел му беше касарната. Повеќе гранати ce распрснаа таму во сосем пустиот двор.

Стигнав на Зеленик и седнав малку да ce починам. Тогаш забележав дека во подножјето на ридот ce движи долга колона по еден. До мене допираа тихи гласови. Коло ната одмина накај Маркукуле. He знаев дека тоа бил баталјонот на Народната одбрана, во кој мојот братучед Атанас беше пушкомитралезец. Уште помалку можев да знам каде ce упатил баталјонот и што го чека.

Тоа ce разбра наскоро. На следниот ден баталјонот стапил во борба со Германците кај Песјо Брдце и бил разбиен, оставајќи дваесет мртви, меѓу кои и мојот братучед Атанас. Повеќе пати сум ce распрашувал како дошло до таа борба, па и сега тоа ме интересира, но не сум нашол човек што би ме запознал со некои подробности. Ми велат дека било грешка што баталјонот воопшто бил пратен во напад, дека Германците држеле многу позгодни позиции, дека командата била недорасната. Нешто повеќе ми кажа единствено мојот братучед Миле, син му на тетин Ристета. Миле беше учесник во нападот на участокот во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Кога се растури првиот прилепски одред, тој падна в затвор. Toj ми раскажа дека баталјонот преспал во Тутуновиот институт и дека тука биле и тие, неколку бивши полит-затвореници. Нив меѓутоа не ги вклучиле во борбата, a ги оставиле понастрана, како надежен политички кадар. После сите бегале кон планината, a германските гранати ги следеле cè до Црвени Стени. Штета што Миле не е поприкажлив.

Така, по Цанета, загина и неговиот помлад брат Атанас. На Песјо Брдце ce издига сега споменик на паднатите. Во Прилеп има улица „Браќа Љамевци“ (Љамевци е прекар на нашата фамилија).

Но сето тоа стана после, по мигот кога ја следев со поглед колоната под Зеленик. Тогаш ce упатив кон Дабница. Наскоро видов дека не сум сам што бега во таа посока. Настигнав цела група бугарски војници што ce повлекуваа накај Дервен, сакајќи да го фатат таму патот за Велес. Одев некое време заедно со нив по козјите патчиња, a потоа ce одделив и ce префрлив преку Липа во небрешкиот синор.

Штом стигнав во нашата стара куќа во Небрегово, ми кажаа дека ме барале од партизанскиот штаб во Присад. До Присад може да ce стигне за половина час или малку повеќе. Тргнав веднаш. Me упатија во куќата, каде што ce наоѓаше штабот. Покрај повеќе познати, таму го сретнав и Коцета. Коце, секогаш таврест, беше облечен во нова униформа, со плетен бел ширит преку левата страна, како што му прилега на еден комесар на зона. He останав долго тука, но беше доста да забележам дека кај некои веќе ce јавила завист спрема Коцета.

Крсте Црвенковски

Ми рекоа дека ме бара Крсте Црвенковски. Крсте ми соопшти дека треба да ce вклучам во работата на редакцијата на „Млад борец“. Заедно со него излеговме на Дервен, сосем близу до Присад. Таму нè пречека голема живост и движење. На една ледина беа седнати еден партизански генерал-мајор и бугарскиот полковник Младенов, со распослана генералштабска карта пред себе. Си претположив дека прават план за одбрана на Дервен. Ова место отсекогаш било сведок на битки. Меѓутоа веднаш забележав дека овде нагло ce топи живата воена сила. Бугарските војници на секој начин гледаа да ce извлечат што побрзо оттука. За секоја артилериска запрега се фатиле по неколку души, едни кај предните, едни кај задните колца и туркаат божем, иако е тука стрма надолница. Очите ги впериле вземи, не ce вртат ни лево ни десно од страв да не им упати некој забелешка.

На падинките околу се формираа нови одреди од пристигнатите доброволци. Отаде ce издели и ми пристапи мојот најстар братучед Димче. Toj ми ce пофали дека го поставиле за десетар (Коце cera ми кажува дека тоа не минало без негов благослов). Оттука патот го водеше Димчета до Сремскиот фронт. Ce врати среќно како капетан и сега ужива воена пензија. Претполагам дека во истите тие групи што се формираа на Дервен ce наоѓал и мојот најмлад братучед Тоде, од Небрегово. И тој го мина Сремскиот фронт, но ce врати без чин, како обичен војник. Својот работен век тој го заврши во Пиварата во Прилеп, a работата му беше да товара и растовара гајби. Видот му ослабе и тој отиде во инвалидска пензија.

Некое време тргнавме со Крстета од Дервен накај Извор. Патувавме во заробен отворен германски офицерски автомобил. Тоа ми беше првпат во животот да ce возам во лека кола. Од Извор до Лисиче патував со камион, сега веќе во друштво на покојниот Иван Мазов. Преспавме на земи на едно гумно. Никој од домашните не ce покажа. Потоа преку Јаболчишта стигнавме во Горно Врановци.

Така и мене ме водеше негде патот.

СЛИЧНОСТИ

Уште пред да ги читам записите на Иво Андриќ знаев дека и мене во далечните земји повеќе ме возбудуваат сличностите со нашиот крај отколку разликите.

Тоа го знаев и пред да прочитам еден есеј на Coмерсет Мом, што се однесува непосредно на мојата тема. Toj кажува дека во Кина донекаде му дотегнале обрасците на кинеската уметност што му ce нуделе во безброј варијанти. Негде, веќе на границата со Тибет, ce нашол во домот на еден пасиониран колекционер на старински уметнички предмети. Одеднаш, меѓу многуте локални стереотипи, забележал фигура што можела да биде пренесена само од нашите краишта. Но како? Се сетил за походот на Александар Велики и тоа му дало повод за фантазирање како ce премостуваат далечините.

Сомерсет Мом

И јас во Индија имав исти сензации. Me возбудуваше кога ги гледав алките на портите, камењата за седење пред нив, лепешките што ce сушат по ѕидиштата, и откривав од каде допреле тие културни придобивки до нас. Во Ирак ме возбуди кога видов дека луѓето ги јаваат магарињата напреку преку самарот. Во Бразил се изненадив дека кафе ce пие од исти онакви филџанчиња со ребра, од какви што ce пиеше во нашата куќа во Небрегово. Тогаш ce сетив дека Арабите влијаеле со еден крак преку Турците на Балканот, a со друг во Шпанија, па отаде cè до Јужна Америка.

И мене, како и на Сомерсет Мом, малку ми дотегнаа во Индија натрупаните храмови и барокните фигури. Одеднаш во музејот во Њу Делхи забележав недовршен мраморен кип на жена од елинската традиција. Бев просто како стаписан. Откаде овде тој егземплар? Тогаш и jac ce сетив за походот на Александар Велики. Сфатив дека протекот на идеите и вредностите ce вршел на големи пространства уште во древните времиња. По тој начин ce создавале културни сфери.

БЕДНАТА ИНДИЈА

Bo Пуна, во југозападна Индија, туку што ce сместивме во еден скромен павилјон. Како сегде, овде на самиот влез во дворот, чека човек, седнат скрснозе, со кошниче со кобра, за да ги покажува своите вештини.

Уште пред да ce спремиме за одмор, чувме глас: „Доби! Доби! Доби!“ Таков беше тој глас, како да не е човечки, ами имаше призвук на рикање. Ни објаснија дека тој човек ce нуди да ни ја опере преслеката. Од грев, дадовме кој едно кој друго. Кога на другиот ден ги добивме назад кошулите и гаќите, видовме дека повеќето петличиња ce испокршени. Переле со пиралка на некое поточе, како кај нас на село.

Патуваме со воз за Бенарес. Имаме посебен купе, сосем сме изолирани од другите патници. Имаме доволно храна – банани, манго плодови и друго. На една станица запираме повеќе минути. Одеднаш, како по инстинкт, кон нашето купе пристапуваат жена со детенце и мајмунка со мајмунче на левата рака. Десната тие ја подаваат со ист питачки гест да добијат нешто за храна.

Калкута. Ужас. Колку жители има овој пристаништен град? Никој не може да знае. Знаат само дека дење има барем два милиона повеќе отколку ноќе.

Дента се решаваме да прошетаме со рикша. Ce јавува некаква етичка дилема на сит човек. Но тогаш надвладува разумот: поарно е да му дадеш неколку рупии на овој впрегнат човек, отколку да ламентираш над неговата грозна судбина.

Ноќе париите ce исполегнати по тротоарите. Можеби со поколенија ce борат за тие места. Ни кров, ни покривач, ни облека освен некои крпи околу колковите. Спијат. Спие питач, a единствен предмет што има – тоа е празна кутија од ималин, во која дење ги прима парињата. Спие брачен пар така на тротоарот. Од страната на мајката заспало детенце. Од страната на таткото – кученце. Ти иде да го заборавиш тоа што си го видел.

Бевме примени кај Нехру. Некој од нашите, за да му направи задоволство, му рече дека кај нас многу ce чита неговата книга „Откривање на Индија“. Нехру се осмевна и рече: „Јас cè уште ја откривам Индија“. Имајќи го предвид сето тоа што го видов, мене ми ce стори дека, за да устоиш воопшто како етичка личност во вакви услови, Индија треба да ја откриваш како слеп човек.

(Продолжува)

БОНУС Видео: „Везилка“ од Блаже Конески, во изведба на Ристо Вртев (Архангел)

Треба да знаете
Moже да ве интересира