Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЗНМ: Се зголемува бројот на тужби против новинари

Над 1700 новинари и медиумски работници, од 2006 до 2024 година се убиени ширум светот, при што во речиси 90 проценти од случаите изостанала правдата, односно или не се расчистени случаите или нема судски епилог. Од почетокот на судирот во Газа лани во октомври животот го загубиле 146 медиумски работници. 

Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата врз новинарите , 2-ри ноември, е признаен од страна на Обединетите нации. Овој ден се одбележува за да се сврти вниманието на прашањето за неказнивост, што се однесува на неизведувањето пред лицето на правдата на сторителите на кривични дела против новинарите и медиумските работници.

Според податоците од Регистарот на ЗНМ, во Македонија, бројот на напади врз новинари во последните три години е во опаѓање. Во 2022 година се регистрирани 7 напади, од кои 2 случаи се со судска разрешница, во 2023 година бројот на напади е 5, исто така со 2 случаи со судска разрешница, додека во 2024 година се регистрирани 4 напади, без судска разрешница.

Во контекст на SLAPP тужбите кон новинари и медиумски работници, бројките покажуваат пораст од 4 тужби во 2021 година, до 8 тужби во 2024 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен