Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

АКТО на МОТ: Градот како сцена

Огранизацијата „Факултет за работи што не се учат – „ФРУ“ ги кани заинтересираните на тродневна програма „Градот како сцена – приказна за шетачката“ во рамки на 48. издание на Интернационалниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ).

Перформативна инсталација „Градот како сцена II – приказна за шетачката“ е продолжение на истражувањето претставено во рамки на Националниот павилјон и Студентски павилјон на Република Северна Македонија на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година како дел од платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики на ФРУ насловен „Градот како сцена“.

На 16 – ти ноември (четврток) со почеток во 20 часот е закажан првиот чин „Градот како сцена – изгубени (модернистички) утопии“ – Претставување на Национален павилјон на Република Северна Македонија на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година.  Автори се: Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска. Куратори се: Филип Јовановски и Ивана Васева.

Вториот чин од перформансот е закажан на 17-ти ноември (петок) од 12 до 18 часот под наслов „Ретки искуства на градот како сцена“ – Отворање на просторна инсталација – архива на истражувањето во рамки на платформата за интердисциплинарни просторно изведувачки практики на ФРУ насловен „Градот како сцена“ во периодот 2013 – 2023 година.

Во рамки на оваа архива ќе биде изложен проектот „Еднаш во животот – ретки студентски искуства на градот како сцена“, дел од Студентскиот павилјон на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година. Учесници се: Мартина Пенева, Димитар Милев, Тамара Џерков, Дениз Ајдаревиќ, Александар Јовановски и Мартина Петреска. Куратори се: Кристина Леловац и Филип Јовановски

На 18-ти ноември (сабота) од 12 часот ќе се одржи третиот чин или „Изведба на јавниот простор“ – Дискусија модерирана од Кристина Леловац (актерка и изведувачка, ФДУ-УКИМ Скопје) и Миодраг Куч (ZK/U-Берлин), Маркета Фантова (уметничка директорка на Прашкото квадриенале за перформанс дијзан и простор). Истиот ден, од 13:45 часот започнува сесијата „Попаметни граѓани 02“ – Перформативна презентација на процесот на работа со студенти од Архитектонски факултет и факултетот за Драмски уметности- УКИМ Скопје, како и други сродни уметнички факултети во земјава во периодот октомври-ноември 2023 година. Овој процес на работа е дел од долгорочниот проект Градот како сцена: изведување на јавниот простор. Процесот на работа вклучуваше развој на метода на читање на градот и различни урбани контексти кои подоцна ќе имаат за цел да се трансформираат во изведба и/или интервенција во јавен простор.

Процесот на работа со студентите беше менториран од Филип Јовановски, Миодраг Куч (К/У Берлин) и Борис Бакал (Shadow Casters – Загреб) во соработка со Креативниот тим дел од платформата Градот како сцена: Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, Тамара Џерков, Андреа Маркоска. Комесар: Русе Арсов | Продукциски тим: Ивана Самандова, Благица Петрова.

Партнери во проектот се Младинскиот културен центар – Скопје; Интернационален театарски фестивал МОТ. Поддржувачи се Министерство за култура на Република Северна Македонија, Факултетот за драмски уметности – универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје и проектот Активен ГРА(Д)/ѓани, финансиран од Европската унија.

Зачлени се на нашиот е-билтен