Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Архитектонското чудо КопенХил: Незагадувачка електрана, скијачка патека, планинарење и туристичка дестинација во едно

Сместен во индустриска област во близина на центарот на градот Копенхаген, CopenHill @copenhilldk, познат и како Amager Bakke, е врвен пример за модел во областа на управувањето со отпад и производството на енергија и врвно архитектонско решение кое стана надалеку препознаено обележје во градскиот пејзаж на Копенхаген.

Во 2019 година Копен Хил ја беше изграден на местото на старата 50-годишната фабрика Amagerforbraending и е оценета како најголема и најзначајна еколошка иницијатива во Данска.

Во електраната Копен Хил се согорува отпад што дневно го истовараат 300 камиони кој потоа се претвора во електрична енергија за 680.000 домачинства.

Благодарение на најмодерната технологија за согорување, од оџакот на овој комплекс излегува само чиста водена пареа. Ниту честичка отровна материја или чад.

Згора на тоа на покривот на објектот на Копен Хил е изградена скијачка патека, а до нејзиниот врвз има пешачка патека, ѕид за качување.

Копен Хил се претвори во урбан центар за рекреација и центар за едукација за животната средина, претворајќи ја електраната во дестинација за многубројни Данци и туристи. Зградата ја отелотворува идејата за зелена и чиста енергија на архитектонското студио BIG и со тоа придонесе Копенхаген да стане еден од првите градови во светот без јаглерод.

Јавноста може да ужива во барот на покривот, просторот за крос-фит или на највисоката палуба за набљудување во градот пред да се спушти по патеката за пешачење и трчање обложена со дрвја од 490 метри во бујниот, „планински терен“. Зелениот покрив од 10.000 m², висок 85 метри, располага со пејзаж на биодиверзитет додека ја апсорбира топлината, ги отстранува воздушните честички и го минимизира истекувањето на атмосферските води.
.
Архитект: Bjarke Ingels Group (BIG)
Одговорни партнери: Бјарке Ингелс, Дејвид Зале, Јакоб Ланге, Брајан Јанг
Водачи на проектот: Јеспер Боје Андерсен, Клаус Хермансен, Нана Гилдхолм Молер
Клиент: Фондацијата Amager Bakke
Соработници: @sla_architects, AKT, Lüchinger+Meyer, MOE,

Зачлени се на нашиот е-билтен