Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Македонија лидер во регионот според Индексот за слобода на медиумите

Според организацијата на Репортери без граници, Македонија има постигнато извонреден резултат, рангирана е на 38 место во светот во Индексот за слобода на медиумите за 2023 година.

Вицепремиерот и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи на својата ФБ страна пишува дека, откако СДСМ ја има преземено владата од 2017 година, Македонија е искачена за 80 места на глобалното рангирање.

„Откако СДСМ ја има преземено владата од 2017 година, Македонија е искачена за 80 места на глобалното рангирање, што ја претставува нашата непоколеблива определба за поттикнување на слободен и независен медиумски пазар. Ова достигнување ја одразува нашата посветеност на транспарентност, отчетност и демократски вредности“, посочува Битиќи.

Во својата објава на социјалните мрежи вицепремиерот Битиќи повика „да продолжиме да ја браниме слободата на печатот и да ги чуваме овие вредности заедно“.

Зачлени се на нашиот е-билтен