Делови од Скопје денеска остануваат без вода

Делови од Скопје денеска ќе бидат без водоснабдување поради дефект на водоводната мрежа, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Екипите на претпријатието се на терен и работат на отстранување на дефектот, а водоснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на интервенцијата.

Според информациите од претпријатието, прекинот започна во 8:30 часот поради дефект на водоводна цевка со пречник Ф250 на улицата „Македонска Косовска Бригада“ кај Аквадукт.

Без вода ќе останат дел од корисниците на улицата „Македонска Косовска Бригада“, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до подвозникот во Шуто Оризари, жителите на улицата 11, касарната „Илинден“, како и Трговскиот центар „Поинт“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат граѓаните да имаат разбирање додека трае санацијата и посочуваат дека водоснабдувањето ќе биде воспоставено веднаш штом ќе завршат работите на терен. Засега не е прецизирано колку долго ќе трае интервенцијата, бидејќи тоа зависи од сложеноста на дефектот.

Најчитано