Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Џабир Дерала ќе ја прими наградата за новинари на Југоисточна Европа за 2024-та година на 4-ти јули во германскиот Бундестаг

Наградата за солидарност ги истакнува и ги пофалува извонредните придонеси на Дерала кон унапредување на демократијата, поддржување на правото на владеење и поттикнување на слободата на печатот низ регионот

Германската Фондација Југоисточна Европа почна со подготовките на церемонијата за доделување на годишната награда за новинари за 2024 година, чиј добитник е нашиот колега Џабир Дерала.

„Со задоволство го објавуваме победникот на нашата Награда #Солидарност за #новинари од Југоисточна Европа за 2024 година, Џабир Дерала од ЦИВИЛ. Честитки“ – се вели во објавата на социјалните мрежи.

Церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи во германскиот парламент на 4 јули во присуство на претставници од парламентот, владата, медиумите и граѓанското општество.

Наградата за солидарност ги истакнува и ги пофалува извонредните придонеси на Дерала кон унапредување на демократијата, поддржување на правото на владеење и поттикнување на слободата на печатот низ регионот. Извонредната кариера и влијателните иницијативи на Дерала направија трајна разлика во сферите на човековите права, новинарството и борбата против дезинформациите, се вели во соопштението на оваа голема и значајна германска фондација – се вели во соопштението на Фондацијата.

Наградата е воведена во 2020 година и се доделува само една за целиот регион на Југоисточна Европа. Дерала е петтиот добитник на оваа престижна награда.

Зачлени се на нашиот е-билтен