Екипата на поткастот „Претрес со Ландов“ беше во најголемиот затвор во Македонија, „Идризово“. Емитуван е првиот дел, од женското крило на затворот. Директорот Зоран Јовановски раскажа дека градбата е стара, командирите за состојбата, а зборуваа и затворениците. Воспитувачката од женскиот дел на затворот, раскажува дека 60 проценти се повратнички – кои по издржување на казната не се ресоцијализирани туку продолжуваат со криминал.
Во продолжение некои од поентите од „Досие Идризово“ со Кристијан Ландов.
Затворот „Идризово“ е граден за политички затвореници, а не за криминални групи – градбата е стара
„Затворскиот систем не ги прател развивањата на криминалните групи, подемот на умрежувањето, однесувањето на криминалните групи, членството.. Така што градбата на овој затвор е стара, изграден е во период кога сме имале политички затвореници“, вели директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски во репортажата во „Претрес со Ландов“.
„Ова за мене е одмор“, раскажува осудена за убиство на сопругот, која била 12 години малтретирана
Осуденичката Анита Стојова, во подкастот „Претрес со Ландов“, раскажа како по 12 години малтретирање од сопругот, решила правдата да ја земе во свои раце. Немала помош од никого, ниту од држава ниту од институции – го убила.
„Ова за мене е одмор, нема малтретирање, немам било каква казна. Ова за мене е одмор, не знам како ќе ме разберете и сфатите. Тоа надвор не се издржуваше ова е одмор“, раскажа Анета во „Претрес со Ландов“.
Јанева: Кога би кажала сѐ, морам да бидам надвор и психолошки да се спремам, да се потсетам на работи кои сум сакала да ги заборавам
Ексспецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева во првото појавување откако е во затвор, во поткастот „Претрес со Ландов“ објасни како ги поминува деновите во затвор, што највеќе ја боли, но и кога ќе прозбори за сето она што се шпекулира во јавноста.
„Црната кампања е најтешка. Сликите кои ги објавуваат ме разочаруваат бидеќи сега сум 40 кила послаба, и се разочарувам од себе. Се вадат од контекст некои работи..“, рече Јанева.
Прашана дали ќе дојде ден кога Катица ќе каже сѐ, таа во „Претрес со Ландов“ објасни: „СЈО има договор за доверливост, рокот не е поминат. Јас сум човек од збор, што ги почитува се уште институциите и затоа многу луѓе ми пристапуваат и бараат да кажат нешто или наметнуваат некои работи. Јас се оградувам се што е кажано досега. И кога би кажала се, морам да бидам надвор, морам психолошки да се спремам. Тука психолошкиот момент е друг, морам да се спремам, да се потсетам на работи кои сум сакала да ги заборавам. И тогаш ќе одлучам што понатаму“
Јас се извинувам многу, како што ќе ме казнат, треба да ми дадат и шанса за да се оправда довербата, вели Јанева за казната од Управата за санкции
Таа рече: „Јас се извинувам многу за недоразбирањето. Мислам дека ова ќе го надминеме на нормален начин“.
„Никој не дојде, никој не нѐ побарал. За шест месеци, никој. Не знаеме дали има правилник и можност да се напушти канцеларијата. Дали имаме право да излеземе, јас пример сум пушач, колку метри смеам да се движам.. Дали внатре смеам да пушам..“, рече Јанева.
Таа објасни и случај кога и се слошило на портите од затворот. Другиот ден не знаела дали смее да остане во ќелијата, а немала ни каде да праша.
„Јас не се чувствував добро. Нема број за да ти ги кажат правилата. Ако не излезеш, зошто не си излегла.. И така се случи, јас отидов, кажав на син ми дека не можам да седам. Не е едноставно, мора да се изрегулираат сите правила. Животот се среди. Навиките, вештините. Не се работи само за криминалци.. Можат да работат.. Малку треба да има рамка, бар за мене. Јас тоа го очекував да им го кажеме кога ќе дојдат во просториите каде бевме. Никој не дојде“, додаде Јанева.
Јас сум слободна, зошто мислите дека не сум, можам да бидам вклучена во пробацискиот систем
„Јас сум слободна, зошто мислите дека не сум… Од 2022 година одам на викенди, на седум часа..“, објасни Јанева.
Посочи дека само три месеци била целосно затворена, а потоа ги користи сите привилегии.
„Променети се условите, јас би можела да бидам вклучена и во пробацискиот систем. Времето за моја ресоцијализација помина“, додаде Јанева и посочи: „Користам седум часа, доволно да се излезе испазари..“.
Јанева: И честитам на Владата, се надевам ќе бидат носители на промените, се надеваме на колективна амнестија
„Мислам дека сите колешки, моментални затворенички ќе ме благословуваат. И честитаме на новата Влада, 600 илјади гласа се цела Македонија. Се надеваме ќе бидат носител на промените. Ние се надеваме дека ќе биде тоа колективна амнестија, за да ни се скратат некои маки“, рече Јанева.
Прашана дали има правда во Македониај, посочи дека има..
„Добри се измените на Кривичниот законик. Задоцнетата правда, не е правда. Нека биде поука на идните судии и обвинители“, кажа Јанева.
Имало ли нарачки кај Катица Јанева?
Ексспецијалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осудена во случајот „Рекет“ во потакстот „Претрес со Ландов“ одговори на прашањето дали некој имал нарачки кај нејзе. Таа искоментира дека обвинителите не носат правда, туку обвинуваат, притоа ги поздрави измените на Кривичниот законик.
„Добри се измените на Кривичниот законик. Задоцнетата правда, не е правда. Нека биде поука на идните судии и обвинители“, кажа Јанева.