Договорот од Преспа сведочи за моќта на дипломатијата, дијалогот и компромисите, рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во видео пораката на церемонијата на доделувањето на Наградата за мир Преспа во Атина на Меѓународната конференција по повод договорот од Преспа во организација на Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Заев.
„Пред шест години луѓето на Грција и Северна Македонија предводени од нивните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев се обединија за да ја отстранат на долгогодишната пречка меѓу нивните две земји за иднината на мир и стабилен развој. Сакам да му оддадам признание за посветеноста на мојот личен пратеник во тоа време Метју Нимиц. Договорот не само што го реши спорот за името, туку отвора потенцијал за нови можности за соработка и регионално партнерство“, истакна Гутереш.